Фармер одгледувач кокошки влегува во локален бар ... седнува до една жена и нарачува чаша шампањско...
Женава се исправа и вели:
Како да се разбере ова?
Тукушто нарачав и јас чаша шампањ!
Која коинциденција! Рече фармерот.
Ова е посебен ден за мене и јас го прославувам.
Ова е посебен ден и за мене. И јас исто така прославувам, одговара жената!
Која коинциденција! Рече фармерот.
По наздравување, Фармерот прашува:
А што Вие прославувате?
Мојот сопруг и јас се обидуваме да добиеме дете подолго време, а денес гинекологот ми рече дека сум бремена!
Која коинциденција! Рече фармерот.
Јас сум одгледувач на живина и со години кокошките ми се неплодни, но денес сите носат јајца!
Тоа е голем успех!, Рече жената, а како Вашите кокошки станале плодни?
Го сменив петелот. одговара Фармерот!
Жената се насмевнува и одговора: Која коинциденција.
Еден ден чистачката побарала покачување од газдарицата.
Газдарицата ја прашала зошто сака покачување а чистачката кажала:
- Има три причини.
Првата е затоа што чистам подобро од вас.
- Така ли? Зошто така мислиш?
- Вашиот маж така рече.
- Ахаа...
- Втората е дека готвам подобро од Вас.
- Глупости! Тоа пак, како ти текна?
- Мажот ви, госпоѓо - тој така рече.
- Добро, добро...
- Третата причина е дека сум подобра во кревет од вас.
- Подобра во кревет?! Мојот сопруг ли ви го кажа тоа!? - изнервирано прашува газдарицата.
- Не госпоѓо - градинарот.
- И колкаво покачување сакаш?