Маж и жена купуваат цело утро, излегуваат од трговскиот центар, и гледаат дека нивниот автомобил го нема. Одат во полицијата и 2 часа даваат изјава.
Детективите ги превезуваат назад до трговскиот центар за да побараат некој доказ на лице место. За големо изненадување автомобилот е на истото место како и плик со порака и два билети за џез концерт на шофершајбната:
„Илјада пати извинете! Жена ми се пораѓаше, итно ми требаше автомобил! Ви оставам два билети за концертот вечерва. Се надевам дека со ова ќе ми простите за непријатностите!“
На мажот и жената веднаш им се насолзуваат очите, им се враќа довербата во луѓето. Одлучуваат да ги искористат билетите и да ја прослават убавата вест.
Вечерта, по концертот, се враќаат задоволни и среќни… што да видат куќата им е ограбена, а колата пак украдена. На масичката бо дневната наоѓаат порка:
„Ја обезбедувам иднината на новороденчето… Имам два билети за во сабота… ама сигурно не ви е до балет… нели?!?“
Дечко и девојка отишле со кола на некое запуштено место надвор од градот и почнале да се љубат. Поминало малку време и девојката му вика на дечкото:
- Слушај, не ти кажав, ама јас сум пpoctиtуtka и за ова што следи треба да ми платиш 50 евра.
Дечкото без проблем и плаќа и завршуваат работа. После сесијата пали цигара девојката и го прашува дечкото:
- Зошто не се движиме накај град?
- Па види вака, ја у ствари сум таксиста и патот до град ќе те кошта 60 евра.