Маж облечен во облека како Наполеон, влегува во кабинетот на психијатарот:
– Докторе, ми треба вашата помош веднаш…
– Да, забележав! – Одговара докторот.
– Ве молам легнете на овој кревет и ќе поразговараме за вашите проблеми…
– Докторе, јас лично немам никакви проблеми. Како император на Франција, јас имам се што ми е потребно – пари, жени, власт – апсолутно се!
Проблемот е во мојата жена – Џозефина. Се плашам дека таа има некакво психичко заболување…
– О, разбирам. И како се манифестира тоа?
– Па, поради некоја чудна причина, таа смета дека е госпоѓа Ивановска.
Американските тајни служби одлучиле да испратат шпион во воената академија во Македонија.
По 3 дена шпионот бил фатен и екстрадиран назад во Америка. Шпионот го дал следново објаснување:
– На предавања, сите спијат – само јас пишувам и внимавам и затоа ме фатија.
Го испратиле вториот шпион, повеќе квалификуван. По 3 недели и него го фатиле. Тој објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам. Но, потоа откако се наспијат сите бегаат од часовите – само јас не бегам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи, го испратиле третиот шпион. По еден месец, сепак и него го фатиле.
– На предавањата – спијам, после сите бегаат – и јас трчам, но кога се приберавме по своите соби, сите играт карти и табла – само јас си учам и затоа ме фатија.
По долги тренинзи Американците одлучиле да го испратат најдобриот шпион… Него го фатиле за 3 месеци… Шпионот објаснил:
-На предавањата сите спијат – и јас спијам, после сите бегаат – и јас бегам, кога ќе се прибереме во своите соби, сите играат карти и табла – и јас играм. Но како дојде сесија, СИТЕ ГИ ПОЛОЖИЈА ИСПИТИТЕ – САМО ЈАС НЕ МОЖЕВ…
Во Берово живеело семејство кое одгледувало ноеви.
Мажот не знаел нути да чита ниту да пишува, но бил број еден во одгледувањето на ноеви. Живееле добро, но жената била незадоволна:
„Сите мои пријателки купуваат во Скопје, затоа што продавниците тука се катастрофа. Сакам да се преселиме во Скопје“.
Мажот и рекол:
„И што да правиме во Скопје, јас можам само и единствено да одгледувам ноеви?“
Ама нели љубовта е слепа, па се преселиле во Скопје.
Во Скопје мажот отишол на интервју за работа како заварувач, бидејќи друга работа не успеал да најде. Му дале формулар да го пополни, но тој рекол дека е неписмен и дека не може. Му одговориле дека тогаш не може да го земат за заварувач и семејството се вратило назад во Берово.
Поминало некое време и на одгледувачот на ноеви му понудиле работа на голема фарма за ноеви во Америка.
Се преселиле, ново работно место, нови правила, процент од добивката за одгледувачот при одреден прираст на ноевите над дефинираниот број, абе одгледувачот станал милионер.
Жената одела постојано на шопинг во Њујорк со новите пријателки, но по некое време пак станала незадоволна.
„Шопинг со пријателки, но тие плаќаат со кредитни картички, а само јас морам вадам пари во кеш и се чувствувам непријатно. Толку ли не можеш да пополниш еден формулар во банка, па и јас да можам да пазарувам како останатите?“
Мажот и одговорил:
„Ако можев да пополнам формулар, сега ќе бев заварувач во Скопје“.
Патувале во авион Обама, Путин и Македонски политичар.
По едно време авионот почнал да паѓа, а во него имало само еден падобран.
Обама веднаш рекол дека треба тој да се спаси, бидејќи е лидерот на најголемата и најсилна држава во светот и е одговорен за 25.000 нуклеарни проектили со кои којзнае што ќе се случи, ако него веќе го нема.
Путин рекол дека државата му е исто така силна, а и руските генерали се понеразумни дури и од американските, па ако не се спаси тој, целиот свет може да настрада.
Македонскиот политичар сепак ги потсетил дека и во трите земји основниот принцип е демократијата, затоа е убаво да се утврди кој да се спаси преку тајно гласање. Немало што да кажат против таков аргумент, па се согласиле. Македонскиот пратеник собрал најмногу гласови и скокнал со падобранот, а Обама зачудено го прашал Путин:
– Добро бе, во авионот бевме само тројца, нели така?
– Да де, се разбира.
– А тогаш како тој успеа да победи со 13 гласа разлика!?
Се мотало зајчето низ шумата и оп – пронашло пушка. Одлучило да ја преземе власта. Отишло кај лавот и извикало:
– Лавче, горе рацете!
– Зајко, да не си се мрднал со умот?
– Рацете горе, ќе пукам!
– Зајко, не се зафркавај со мене! – И полека ги кренал рацете.
– Лавче, легни на земјата!
– Зајко, ајде да ја запреме играта?
– Лежи, инаку ќе ти ја разнесам главата!
Лавот легнал на земјата.
– Ова огромно гомно го гледаш ли? – Извикал зајакот.
– Да, слонот го создаде утрово.
– Почнувај да го јадеш!
– Зајко, јас сум цар на шумата. Нема да го јадам тоа.
– Тогаш ќе пукам!
– Пукај!
Клик! Пушката била празна. Уплашено зајакот рекол:
– Лавче, ако не планираш да го јадеш, ќе може ли јас да го лапнам? Многу сум гладен!