На двајца браќа, едниот во Македонија, другиот во странство, им умерл близок роднина:
– Пешо, доаѓај, треба да го спремаме погребот.
– Нема да можам. Направи ти се што треба и испрати ми ја сметката.
Поминал погребот и уште првата недела братот во странство добил сметка од 100 евра. Ја платил, но другата недела пак добил сметка од 100 евра, третата недела, кога повторно добил сметка од 100 евра, му се јавил на својот брат:
– Зошто трет пат добивам сметка од 100 евра? Не ли помина погребот?
– Се помина добро, но костумот за покојниот не го купив туку го изнајмив…
Оди маж по Партизанска во 23:30 и гледа една одлична риба која оди кон него! Мажот ја запира и ја прашува:
– Извини, ќе спиеш со мене?
– Абе идиot, ти ненормален ли си, кретен, ѓубре, манијак… (итн. итн.)
Мажот малку се стаписал, но продолжил:
– Илјада пати извини!!! Можеби не почнав на најдобар начин… Добро, ајде да почнам вака:
Сакате ли сега ние двајцата да одиме до мојот џип, кој е паркиран на соседниот паркинг, да се качиме во него, да одиме до мојата нова трикатна куќа на Водно, за да си ја земам златната кредитна картичка, а потоа да одиме на аеродром и да го фатиме првиот авион за Париз… Таму да ве однесам во најубавиот ресторан и потоа откако ќе се прејадеме црн кавијар и ќе изпием барем 2 шишиња првокласен шампањ, да тргнеме по париските бутици и да ви купам златен ланец украсен со дијаманти, палто од Ив Сен Лоран, црн фустан од последната колекција на Коко Шанел, нова торба Луј Витон…
Жената на тоа рекла:
– И чевли, и чевли!!!