Најпопуларни

Мажот љубител на бокс почнал да се подготвува порано за извонредното финале на телевизија за време на викендот – тешка категорија, натпреварот на векот, итн. итн.
Си купил ракија, пиво, разни мезиња, си направил салата, си ја наредил масата мераклиски и се оптегнал на креветот како цар.Нестрпливо и со голем мерак чекал да започне натпреварот.Боксот почнал и… нашиот човек дури не успеал да ја пивне првата голтка: Во 8-та секунда – нокаут. Крај на боксот! Во тој момент жена му излегла од кујната и му рекла:
– Е, сега веќе ме разбираш – нели?
Добредојдовте во Македонија државата:
која се граничи сама со себе;
каде живеат убави жени, а наталитетот опаѓа;
каде сите играат фудбал, а победуваат во кошарка и ракомет;
каде сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време;
каде невработените работат најмногу;
каде на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат;
каде здравството е бесплатно, а лечењето скапо;
каде 8 часовното работно време, трае 12 часа од кои 5 се поминуваат во кафана;
каде новинарите се слободни да напишат она што ќе им наредат;
каде најбогати се оние кои никогаш ништо не работеле;
каде светската криза има добиено државјанство;
каде луѓето веруваат, а го пцујат Бога;
каде минатото се повторува секој ден;
каде војните никогаш не се завршуваат;
каде неписмени ја пишуваат историјата;
каде секој секому се смешка, а никој никому не му посакува добро;
каде судските постапки траат подолго од животот;
каде поплавите се начин за наводнување на земјиштето;
каде сметаат дека земјата повеќе ќе напредува колку повеќе се уназадува;
каде што сите мразат политика, а сите имаат партиски книшки.