Најпопуларни

На една жена и починал мажот и таа многу страдала.
На една жена и починал мажот и таа многу страдала. Не можела да се соземе дури цела година по неговата смрт. Случајно запознала еден човек кој се занимавал со реинкарнација, контакти со духови и сл. Го замолила да ја поврзе со нејзиниот сопруг.
Направил чуден ритуал, зборувал чудни зборови и успеал да се поврзе со духот:
– Пешо, ти ли си?
– Јас сум Маро, кажи како си ти, добро ли си?
– Пешо, тешко ми е за тебе, од работа дома, од дома на работа… Кажи ти како си?
– Па добро сум: Наутро се будам, имам cekc, потоа доручкувам, пак имам cekc, потоа дошло време за ручек-ручам, потоа пред попладневното спиење пак cekc, кога ќе се наспијам пак cekc, каснувам и cekc, и дошло време за вечера- вечерам и после пак cekc, легнувам да спијам и наутро исто…
– Лелелеелелееееее Пешооо! Ти да не си отишол во рајот?
– Аха… рајот, како не. Се реинкарнирав – зајак сум тука во Долно Соње!

Стои ситен маж разочаран во кафана… пред него – пиво.
Влегува еден набилдан тепач, го тапка по рамото ситниов и му го пие пивото на екс! Ситниот маж почнува да плаче…
Тепачот:
– Доста бе, плачко! За едно пиво ли ќе лелекаш?!
Ситниот маж:
– Слушај сега: Рано сабајлево жена ми ме напушти, куќата ми е празна, банкарската сметка – уште попразна! Потоа отидов на работа и ме отпуштија! Не сакав да живеам повеќе! Легнав на шините – го промениле правецот на возот! Сакав да се обесам – јажето се скина! Сакав да се застрелам – пиштолот заглави! И сега, купувам пиво со последните пари го ставив отровот внатре и ти ми го испи!