Возач на камион пред секое службено патување одел во истата продавица и велел:
– Три конзерви месен нарезок, три леба, три кутии цигари и… Жено, ти се eбeш ли?
Првиот пат продавачката си молчела. Вториот пат му се развикала. Третиот пат му се развикала и одлучила да му каже на својот маж.
– Така и така, еден камионџија купува за службено патување и секогаш ме прашува дали се е*ам. Ќе одам да го пријавам во полиција.
Мажот рекол:
– Нема да одиш во полиција, утре ќе се кријам под масата, кога ќе дојде тој и ќе те праша, ти кажи „епа се е*ам“, а јас ќе излезам и ќе му удрам еден здрав ќотек.
Наредното утро доаѓа возачот и пак:
– Три конзерви месен нарезок, три леба, три кутии цигари и… Жено, ти се eбeш ли?
Продавачката одговара:
– Епа, ДА!
– Е ако се eбeш, што бара мажот ти кај жена ми секој пат кога одам на службено патување?!
Оди стар Македонец на доктор и му вели:
– Докторе, помагај, бабата не ја бива, има депресија, ја болат сите зглобови, не станува од креветот, нема сили да отиде ни до тоалет…
– А имате ли редовен cekc?
– А бе, докторе, каков cekc, јас сум стар комунист, Тито ми испушти душа во рацете!
– Верувај ми, cekc со бабата и сè ќе биде во ред!
Се прибрал дедото, се истуширал, пивнал една ракија на екс за храброст и… завршил работа.
Се разбудил следното утро и гледа: бабата направила кафе и појадок и пее околу шпоретот. Дедото ја гледа и си зборува:
– Ејјјј, да знаев порано… Па, јас и другарот Тито сум можел да го спасам!