Најпопуларни

На Супермен му здосадило да се бори постојано со криминалците, па решил да му се јави на Бетмен и да му предложи да одат во некоја дискотека. Но, Бетмен рекол дека ќе треба да си остане дома, бидејќи Робин бил болен.
Разочаран Супермен му се јавил на Спајдермен, но Спајдермен рекол дека си средил средба со Жената-Мачка.
На крај, Супермен решил да и отиде на гости на Супержената. Како што е ред, слетал на балконот на станот на Супержената и ја видел внатре како лежи гола со раширени нозе. Помислил:
„Јас сум побрз од куршум! Можам да влезам таму, да завршам работа со неа и да си заминам пред таа да разбере што се случува!“
И навистина! Влегол и по некоја секунда излегол.
Во меѓувреме, Супержената рекла:
– Слушна ли нешто?
– Не – рекол Невидливиот човек – но одеднаш ужасно ме заболе задникот…
Еден старец отишол во аптека и со последните пари си купил вијагра. Се вратил дома и решил да ја изненади бабата.
Со треперливите раце го извадил апчено, но му паднало на подот. Петелот кој се шетал во близина го кловнал и го проголтал.
Старецот многу се налутил, го фатил петелот и решил да го убие бавно. Се мислел како и решил жив да го замрзне.
По 4 часа мислејќи дека петелот веќе е замрзнат, го отворил замрзнувачот да погледне. И што да види? Петелот жив и од него тече пот.
– Што се случува овде? – Прашал старецот.
– Како што – рекол петелот – Знаеш ли колку беше тешко да и ги раширам нозете на замрзнатава кокошка.

Три школски другарки, после матурската забава си ветиле да останат во контакт и кога ќе се омажат да си споделат меѓу себе детали од семејниот живот, но за онаа работа договориле шифра „Пржиме компирчиња“.
По една година – првата пишува:
– Се омажив! Мажот ми е многу паметен и е асистент на Факултет! Секој месец си пржиме компирчиња!
Втората пишува:
– Јас се омажив за мојот шеф! Голем сељак е, но има пари и скоро секоја недела си пржиме компирчиња!
Третата долго ја немало, но најпосле и таа им пишува на другите:
– Извинете, но немав време. Дали слушнавте – се омажив со Пеце од нашиот клас. Уште студираме. Понекогаш одиме и на предавања, бидејќи и двајцата толку многу сакаме компирчиња и по цел ден само компирчиња пржиме! Бидејќи ни се превкусни, Пеце редовно ја лиже тавата, а јас рачката.