Позната авиокомпанија објавува оглас за пилот. На огласот се пријавуваат Германец, Англичанец и Македонец. Директорот го прашува Германецот:
– Колку време летате?
– Три години.
– А колкава плата барате? – Три илјади евра. Илјада – мене, илјада – на сопруга, илјада – за осигурување.
Потоа го прашува Англичанецот
– Колку време летате?
– Шест години.
– А колкава плата би сакал да земате?
– Шест илјади. Две – за мене, две – за фамилијата, две – за осигурување.
Го прашува на крај Македонецот:
– А, вие колку време летате?
– Кој јас? Да летам немам поим, а се плашам и од височина. Но, сакам да земам по девет илјади евра плата.
– ?!
– Па, три – мене, три – тебе…
Директорот на авиокомпанијата прашува зачудено:
– Чекај, чекај, а кој ќе лета?
– Како кој – Германецот, тој се согласува да лета за три илјади!!!
Калуѓерка стопира на пат. И запира млада згодна женска, е со спортска кола, скап накит, брендирана облека...
Калуѓерката започнува разговор:
– Мила девојко, толку си млада, кога успеа да заработиш за сите овие блага?
– О, имам неколку љубовници – првиот ми подари автомобил и се грижи за сервисот и горивото, вториот ме облекува и ми купува дијаманти, а со третиот го шетам светот…
Калуѓерка се замислува длабоко…
Вечерта калуѓерката си седи во нејзината соба, кога некој тивко чуka трипати на вратата…
Таа нервозно:
– Леле, отец Лоренцо, ај мафни ми се со твоите наполитанки…