Блажо а отепал Мара, и судијата го прашуе;
- Оти бре Блаже а отепа....
- Оти ногу е глупа и од контакт ме извади...
- Тоа не е причина...-Вака, над нас има фамилија ногу се куси, и расправам на Мара и она вика:
- Да, тоа се пиринеји...
- Мислиш пигмеи...
- Не, пигмеи е ноа шо ни се наоѓа под кожа...
- Маре, тоа е пигмент....
- Грешка си, пигмент е тоа на шо пишуеле старите Грци...
- Леле Маре мори, тоа е пергамент...
- Врска немаш, пергамент е некој каа че прочита само еден дел од некое дело....
Ја се изнервира судија, си седна на троседот, и после 5 минути еваа се доклевка до мене со една книга, и почна да чита наглас.....
- Блаже гледај, сончева тераса од рачна торба била учителка на макрото 15..
- Леле глупа жено воа е на француски, La Marquise de Pompadour est la Maitresse de Luuis XV, а тоа значи дека Маркиза де Помпадур му била љубљвница на Луј xv....
- Грешка си де, ја џабе не оде на часеви на Француски со мојот легионар....
- Да не мислиш лектор.....
- Па си грешка, лектор е Грчки херој...
- Тоа е Хектор и он бил Тројанец....
- Не, хектор е мерка за површина....
- Леле глуперда, мори тоа е хектар...
- Ти си торко, хектар е пијалок на боговите...
- Тоа е нектар глупачо.....
- Тоа река у Германија бре....
- Реката се вика Некар....
- Врска немаш ти, ја каа мала со другарката пееме дуо за реката Нектар..
- Тоа се вика дует...
- Дует е каа играат Тиквеш и Неготински Вардар....
И мене тоги ми пукна филмот судија, и го зе чеканот и а сот'чи главата...
- Слободен си, ја да бе че а опне со чеканот уште кај Хектор....
- Трпе, тебе те стра ли од нешто?
- Да! Кога Трпана ке доjde, ке, ме гушне, ме бакнува нежно и ми шепоте: "Срце, многу те сакам!", ми иде така страшно и се чудам, шо ли е, колата ли е, ме изневеруе ли, тештата ли ке иде?!
Една млада, културна професорка по географија, влегла прв пат на час во средно училиште, но учениците воопшто не и обраќале внимание.
Викале, се карале, некои муабетеле, и таа кутрата колку и да се обидувала да ја започне лекцијата, ништо не и успевало.
Расплакана отишла кај директорот и му раскажала за проблемот. Директорот ја слушал и татковски и рекол:
– Колешке, неправилно сте пристапиле кон учениците. Требало најнапред да ги заинтригирате со нешто и потоа да ја започнете лекцијата. Дојдете, јас ќе ви покажам.
Се вратиле тие двајцата во училницата и уште од вратата директорот ги кренал двата прста нагоре и извикал:
– Хеви метал, мрсници!
– Хеви метал, хеви метал, господин директор – му одговориле сите ученици.
– Имам едно прашање за вас. Може ли да се стави кондом на географски глобус?
Сите молчат.
– Пак прашувам, може ли да се стави кондом на географски глобус?
Еден ученик конечно прашал:
– А што е тоа географски глобус, господин директор?
– Е, тоа ќе ви го објасни новата професорка по географија…