8000 плавуши организирале конвенција под наслов "Плавушите не се глупави" . На конвенцијата присуствувале делегати од различни области со цел да се уверат дека Плавушите не се глупави.
Лидерката: Се собравме овде да докажеме дека Ние не сме глупави, и убедена сум дека ќе ви го докажеме тоа. Повикува една плавуша да се качи на бината и ја прашува:
-Колку се 15 плус 15?
После 30 секунди плавушата одговара:
-18 – одговара плавушата.
Разочарување во салата, сите 8000 плавуши станале и почнале да викаат:
- Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
По мала пауза делегатите одлучиле да и дадат уште една шанса.
Лидерката го поставува второто прашање:
- Колку се 5 плус 5?
После 20 секунди:
- 76 – одговара плавушата.
Повторно цела сала во еден глас.
- Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.
Делегатите побараа пауза од еден саат за да се договорат. По долго натегање делегатите одлучиле да и дадат последна шанса.
Лидерката го поставува последното прашање:
- Колку се 2 + 2 ?
По 10 секунди:
- 4 – одговара плавушата.
Делириум во салата, сите 8 000 плавуши станаа од столчињата ги кренаа рацете горе и извикаа во еден глас:
- Дадете и уште една шанса, дадете и уште една шанса.

Умрел дегустаторот на позната фирма, производител на вино, и бил објавен оглас за вработување на нов дегустатор.
За тоа работно место се пријавил некој тежок пијандура. Директорот на фирмата долго размислувал како да го откачи. Му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мушкат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Каберне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна и ако не ме вработите, ќе кажам кој е таткото!