Јапонците измислиле комора за ладење способна да замрзне до -1000 степени. Поставиле услов – кој човек ќе издржи најдолго затворен внатре, ќе му го дадат островот Хокаидо.
Се пријавиле Французин, Англичанец и нашиот пијаница Стојан. Французинот побарал жена и буре вино. Но кога температурата се спуштила до -200 не можел повеќе да издржи и излегол надвор. Англичанецот побарал жена и кутија виски, но на -300 не издржал и излегол. Последен бил пијаниот Стојан, кој побарал едно буре домашна жолта лозова и кумот за друштво.
Сите чекале со нетрпение и по еден час веќе термометарот покажувал -1000, а од двајцата кумови ниту трага. Стравувајќи дека веќе се замрзнале, еден од Јапонците ја отворил вратата и што да види: Си седат двајцата и си пиат ракија. Одеднаш кумот станал и му удрил една глава на Јапонецот.
– Добро направив, а, кумашине? – Рекол тој.
– Многу добро, куме. И така е студено тука, уште и тој врата да ни отвора.
Зајко си одел низ шумата и нашол пиштол.
И бидејќи сите го малтретирале, решил да им се одмаздува. Отишол на средината на патеката, се олеснил и се скрил во грмушките додека да се појави некој. Прв дошол Кумчо Волчо. Зајакот скокнал од грмушките:
– Кумчо Волчо, (ПА, ПА, пукнал во воздух), ако не го изедеш ова г…. (ПА, ПА) ќе те убијам.
Волчо сето го изел, а Зајко ја направил истата сцена со истите реквизити и пак се скрил зад грмушките за следната жртва. Дошла Кума Лиса и историјата се повторува:
– Куман Лисо, (ПА, ПА), ако не го изедеш ова г…. (ПА, ПА) ќе те убијам.
И лисицата го изела. Следната жртва е Баба Меца:
– Бабо Мецо, (ПА, ПА), ако не го изедеш ова г…. (клик, клик)… јас ќе го изедам.
Влегуваат во ресторан двајца билдери, ама јаки, огромни, без вратови. Меѓу нив нивниот шеф, низок ама набиен, исто така без врат… Седнуваат на маса. Доаѓа келнерот.
– Повелете, што ќе нарачате?
Шефот:
– Сакам желка. За 10 минути ако не е готова, го убивам готвачот.
Чекаат. Поминуваат 10, 15, 20 минути… никаква желка не носат. Шефот ги праќа билдерите во кујната:
– Што бидна бе, мајмун, сакш да те искршиме од ќотек?
Готвачот:
– Никако не можам да ја убијам желката. Таман ќе замавнам со сатарот, таа си ја прибира главата во оклопот.
– Дај ми ја мене – вели еден од билдерите.
Ја фаќа желката, и го пика палецот во задникот, желката ја вади главата и овој ја сече со сатарот.
Готвачот со воодушевување:
– Браво бе, момче, ти да не си готвач?
– Не бе брат, секое сабајле така му ја врзуваме врската на шефот…