Едно момче излегува во дискотека.
Нарачува пијалок и како што е редот си бендисува една девојка, ја замуабетува, потоа малку играње, и девојката се фаќа на јадицата. Излегуваат од дискотеката и одлучуваат да одат во станот на девојката. Само што влегуваат во станот, таа му вели:
– Еј таму е дневната соба почекај ме, јас ќе се истуширам – и влегува во бањата.
Момчето влегува во дневната соба и гледа едно огромно куче спие на троседот. Ја затвора вратата и седнува на шкафчето за чевли во ходникот. Седи и чека, но девојката се задржува долго. По некое време му се приодува по голема нужда. Се чуди што да прави, девојката уште не излегува од бањата. Ситуацијата почнува да станува неиздржлива. Момчето смислува план, да влезе брзо во дневната соба, да заврши работа до каучот за да личи како кучето да ја завршило работата. Откако на брзина го исполнува планот, седнува пак на шкафот за чевли и чека. Девојката конечно излегува од бањата и кога го гледа во ходникот го прашува:
– Абе зашто цело време ме чекаш тука, зошто не влезеш внатре?
– Како зошто, во дневната соба има едно огромно куче.
– Не плаши се, тоа е плишано…
Една жена и се жали на својата пријателка дека мажот и не ја погледнува а камо ли да си го извршува брачниот долг...
– Ееее и јас бев во истата ситуација пред некое време, а сега овој мојот ме растура секој ден… Има една продавница, во која се продаваат чорапи плетени од посебна волна. Ги прават тибетски монаси и резултатот е неверојатен, подари му ги на мажот ти и кога ќе се врати од работа… кога ќе те фати… душата ќе ти ја извади!
Отишла госпоѓата до продавницата, ги купила чорапите и му ги подарила на нејзиниот сопруг.
Наредниот ден повторно се среќаваат двете пријателки.
– Како се чорапчиња, душо?
– Ооооооф многу полошо стана… Кога се врати мојот од работа, јас го чекав во спалната соба, без облека… А тој се стрча кон кујната, го отвори фрижидерот, ја грабна најголемата краставица и ја заби во задникот…
– Лелееее душооо, тој твој идиot ги облекол чорапите наопаку…
Две пријателки зборуваат:
– Ех, да знаеш што ми се случи минатата недела, кога мојот сопруг замина на службено патување… Отидов на фризер, ми направија убава модерна фризура, маникир, педикир… Потоа купив убав фустан, а вечерта отидов во скап ресторан со еден многу згоден маж. Вечера на свеќи, цвеќиња, романтика, музиката свири само за нас… Потоа во елитен хотел имавме cekc до сабајле… Поубава ноќ не сум имала во животот!
– И што се случи потоа?
– И што, ништо – се врати мажот ми од службено патување и ме „легна“ на својот начин на каучот во кујната…
Папата бил многу болен и никој не можел да го излекува.
Кардиналите повикале еден многу стар и искусен доктор, кој им бил препорачан како единствена и последна шанса. По долг преглед докторот им соопштил на кардиналите:
– Имам добра и лоша вест. Лошата вест – Папата има ретка болест на тестисите. Добрата – може да се излечи само со cekc.
Кардиналите, збунети од третманот, му објасниле на Папата. Тој им рекол:
– Ќе се согласам со тоа, но само под четири услови!
Кардиналите шокирани:
– Кои се условите?
– Прво, девојката треба да е слепа, за да не може да се види со кого има cekc. Второ, мора да е глува за да не може да се слушне со кого има cekc. Трето, треба да е глупа, и во случај да разбере со кој имала cekc, но да не може да раскаже!
По кратка пауза, кардиналите прашале:
– А што е четвртото?
– Големи цицки!