Жена се вози во автобус.
Голема гужва е не може да дојде до возачот да си купи билет. Пред неа стои една жена и треба да ја замоло да му ги подаде парите на шоферот, но како да и се обрати? Жената си мисли: „Штом не излезе на претходната станица значи оди во мојата населба. Носи шише вино, значи оди кај некој маж. Виното е скапо, значи оди кај убв маж. Во мојата населба има само двајца убави мажи, мажот ми и љубовникот. Бидејќи јас сега одам кај љубовникот, значи таа оди кај мојот маж. Мажот ми има две љубовници, Кети и Јулија. Кети е од Охрид.“
– Јулија, те молам подај му ги париве на возачот!
– Од каде ми го знаете името?
- Шефе, сакам покачување на платата! Многу работам а малку пари земам!
– Штоооооо? Ама многу безобразен си станал ти! Добро, ајде сега да ти објаснам мрзо една колку работиш ти. Колку денови има во годината? Е, така! 365! Точно. Секој ден, 8 часа ти одат за спиење, што вкупно прави 122 дена годишно. Така. Остануваат 243 дена. Од нив 8 часа на ден слободно време, нели така (8 часа е работниот ден, 8 часа спиеш, 8 часа слободни, т.е 3х8 = 24). Така, уште 122 дена си правиш што сакаш и каде сакаш. Остануваат 121 ден. Е сега, нели има 52 недели во годината! И во недела не работиме, нели? И колку дена остануваат? 69 денаааа. Така. Ми ја следиш ли мислата? Во петоците попладне се опуштате, нешто Мотика ова она – значи да ги сметаме петоците за пола работен ден, што значи 52 половинки, или уште 26 неработни денови. Кон тоа додаваме и по еден час сурфање после паузата за ручек секој ден, и што излегува? Уште 8 дена во годината сте зафатени со јадење пици, сендвичи и сурфање. Колку останаа? 35 дена. Ајде сега одземи ги тие 20 дена платен годишен одмор – остануваат 15 дена. А во Македонија, колку што знам јас има 15 државни празници. И што остана? Покачување! Аре бегај од тука не си го троши работното време за џабе!
Миле и Коле го запираат фиќото на бензинска во Германија.
Вработениот на бензинската ги прашува:
„Бензин, дизел?“
Миле:
„Само вода, ве молам.“
Човекот им го полни резервоарот до горе, Миле вади едно шишенце со таблети и пушта една во
резервоарот.
Влегуваат во автомобилот, палат и заминуваат. Германецот останува со подотворена уста.
Следниот ден на истата бензинска станица.
Миле: „Само вода, ве молам.“
Го полнат резервоарот до горе, Миле става една таблета во резервоарот, палат и заминуваат.
Третиот ден запираат на истата бензинска. Кон нив се приближува господин во костум и им вели: „Слушам
дека имате некакви специјални таблети. Јас сум директор на компанијата ESSO и сакам да ви ги откупам
таблетите. Колку барате за нив?“
Мишо: „50.000 евра ама веднаш и во кеш.“
Човекот изненаден од ниската сума: „Дали сте сигурни дека за ваков изум барате само 50.000 евра?“
Мишо: „Да, да, ние сме од Македонија, а таму кај нас тоа се многу пари.“
После некое време ги добиваат парите, му го даваат шишенцето на господинот и си заминуваат.
Коле прашува: „Абе Миле, а ние како ќе возиме сега?“
Миле: „Па како и до сега - на плин.“
Маж ја води жената на психијатар, бидејќи немале cekc со месеци.
Останува пред кабинетот да чека, а внатре жена му му раскажува на докторот:
– Па што да ти кажам… Наутро одам на работа, фаќам такси и возачот ме прашува „Ќе си платиш ли или…“. И јас избирам „или“.
Додека правиме работа, задоцнувам за работа. Кога доаѓам, газдата ме повикува во неговата канцеларија и вели: „И сега што, да те избркам или …“ и јас избирам „или“.
Вечерта пак се прибирам со такси и не плаќам со пари… И на крај на денот едноставно немам сили за мажот ми.
– И сега што, ова да му го кажам ли на мажот ти или…?