Вицеви за коли и возачи

Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен.
За брзо време направил многу пари,па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува. Си оди женската и Трпана прашува:
- Која е оваа бе?
- Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде,имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот. Влегуваат тие во ресторан,седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга,со женска на соседната маса.
- Која му е онаа на Гоце?
- Швалерка.
Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:
- Ха, нашата е поубава.
Дечко и девојка отишле со кола на некое запуштено место надвор од градот и почнале да се љубат. Поминало малку време и девојката му вика на дечкото:
- Слушај, не ти кажав, ама јас сум пpoctиtуtka и за ова што следи треба да ми платиш 50 евра.
Дечкото без проблем и плаќа и завршуваат работа. После сесијата пали цигара девојката и го прашува дечкото:
- Зошто не се движиме накај град?
- Па види вака, ја у ствари сум таксиста и патот до град ќе те кошта 60 евра.