Позната авиокомпанија објавува оглас за пилот. На огласот се пријавуваат Германец, Англичанец и Македонец. Директорот го прашува Германецот:
– Колку време летате?
– Три години.
– А колкава плата барате? – Три илјади евра. Илјада – мене, илјада – на сопруга, илјада – за осигурување.
Потоа го прашува Англичанецот
– Колку време летате?
– Шест години.
– А колкава плата би сакал да земате?
– Шест илјади. Две – за мене, две – за фамилијата, две – за осигурување.
Го прашува на крај Македонецот:
– А, вие колку време летате?
– Кој јас? Да летам немам поим, а се плашам и од височина. Но, сакам да земам по девет илјади евра плата.
– ?!
– Па, три – мене, три – тебе…
Директорот на авиокомпанијата прашува зачудено:
– Чекај, чекај, а кој ќе лета?
– Како кој – Германецот, тој се согласува да лета за три илјади!!!
Миле и Коле го запираат фиќото на бензинска во Германија.
Вработениот на бензинската ги прашува:
„Бензин, дизел?“
Миле:
„Само вода, ве молам.“
Човекот им го полни резервоарот до горе, Миле вади едно шишенце со таблети и пушта една во
резервоарот.
Влегуваат во автомобилот, палат и заминуваат. Германецот останува со подотворена уста.
Следниот ден на истата бензинска станица.
Миле: „Само вода, ве молам.“
Го полнат резервоарот до горе, Миле става една таблета во резервоарот, палат и заминуваат.
Третиот ден запираат на истата бензинска. Кон нив се приближува господин во костум и им вели: „Слушам
дека имате некакви специјални таблети. Јас сум директор на компанијата ESSO и сакам да ви ги откупам
таблетите. Колку барате за нив?“
Мишо: „50.000 евра ама веднаш и во кеш.“
Човекот изненаден од ниската сума: „Дали сте сигурни дека за ваков изум барате само 50.000 евра?“
Мишо: „Да, да, ние сме од Македонија, а таму кај нас тоа се многу пари.“
После некое време ги добиваат парите, му го даваат шишенцето на господинот и си заминуваат.
Коле прашува: „Абе Миле, а ние како ќе возиме сега?“
Миле: „Па како и до сега - на плин.“