Патувале во авион Обама, Путин и Македонски политичар.
По едно време авионот почнал да паѓа, а во него имало само еден падобран.
Обама веднаш рекол дека треба тој да се спаси, бидејќи е лидерот на најголемата и најсилна држава во светот и е одговорен за 25.000 нуклеарни проектили со кои којзнае што ќе се случи, ако него веќе го нема.
Путин рекол дека државата му е исто така силна, а и руските генерали се понеразумни дури и од американските, па ако не се спаси тој, целиот свет може да настрада.
Македонскиот политичар сепак ги потсетил дека и во трите земји основниот принцип е демократијата, затоа е убаво да се утврди кој да се спаси преку тајно гласање. Немало што да кажат против таков аргумент, па се согласиле. Македонскиот пратеник собрал најмногу гласови и скокнал со падобранот, а Обама зачудено го прашал Путин:
– Добро бе, во авионот бевме само тројца, нели така?
– Да де, се разбира.
– А тогаш како тој успеа да победи со 13 гласа разлика!?

Обама и Путин отишле во САД на Нијагарините водопади, за да разговараат за последниот развој на украинската криза. Од збор на збор, започнале расправија чиј личен телохранител е полојален.
Обама се обратил кон својот личен телохранител и му рекол:
– Џон, те молам, скокни во водата!
Телохранителот одговорил:
– Господине, јас длабоко ве почитувам и ја сакам својата татковина, но не можам да се потчинам на оваа наредба! Сепак имам жена, деца, треба да се размислува за нив!
Путин, исто така се свртел кон својот телохранител и му свикал:
– Иване, скокај!
Телохранителот веднаш скокнал во водата. Обама останал вчудоневиден и прв го пречекал телохранителот.
– Јас сум вчудоневиден од Вашата лојалност! – Рекол Обама. – Кажете ми, зошто извршивте таква неразумна наредба?
– Како да не извршам?! – Одговорил рускиот телохранител. – Па нели имам жена, деца…
+18° C – На Хаваи земаат втор покривач.
+10° C – Во зградите во Хелсинки го исклучуваат парното.
+2° C – Италијанските автомобили не можат да запалат.
0° C – Дестилираната вода замрзнува.
-1° C – Здивот се гледа. Русите јадат сладолед и пијат ладно пиво.
-4° C – Кучето ви се пика во кревет.
-10° C – Француските автомобили не можат да запалат.
-12° C – Политичарите почнуваат да зборуваат за бездомниците.
-15° C – Американските автомобили не можат да запалат.
-20° C – Здивот се слуша.
-24° C – Јапонските автомобили не можат да запалат.
-28° C – Кучето ви се пика во пижамите.
-29° C – Германските автомобили не можат да запалат.
-30° C – Ниеден нормален автомобил не може да запали.
-36° C – Руските автомобили не можат да запалат.
-39° C – Русите ги закопчуваат сите копчиња на кошулата.
-50° C – Автомобилот ви се пика во кревет.
-60° C – Жителите на Хелсинки се смрзнуваат. Во Москва ги закопчуваат капутите.
-70° C – Се смрзнуваат и во пеколот. Универзитетот во Кузњецк организира крос-кантри.
-72° C – Адвокатите ги пикаат рацете во своите џебови.
-120° C – Алкохолот замрзнува. Русите се баш онака нервозни!
-273,15° C – Апсолутна нула. Се прекинува движењето на елементарните честички. Русите лижат замрзната вотка.