Рокер добил многу пари на Лото и решил да си купи мотор „Харли Дејвидсон“.
Отишол во продавницата и си одбрал најкул мотор, целиот хром и никел – многу јако светел.
Продавачот му рекол:
– Моделот е одличен, но за да не се оштети сјајот, секогаш треба да носите со вас две туби вазелин и кога ќе видите дека ќе врне, ќе ги премачкувате хромираните и сјајните метални делови.
Си го зел рокерот моторот, си го возел и тубичките си ги користел.
По некое време си фатил cekcи девојка, ја возел нагоре-надолу и еден ден таа го поканила на вечера кај нејзините родители, за да го запознаат. Пред да отидат на вечера му рекла:
– Кај нас дома има едно правило, кој прв проговори на вечерата ги мие сите садови!
Одат кај нив, гледа рокерот – куп садови, неизмиени со месеци. Седнуваат, вечераат, никој збор не пушта. Завршуваат со јадењето и рокерот се чуди што да направи за да се извлече од миењето. Ја фаќа девојката, почнува да ја соблекува, родителите молчат. Продолжува и ја опнува на масата пред очите на родителите, тие ништо не кажуваат.
Ја фаќа мајката, ја опнува и неа, никој збор не кажува.
Во тоа време надвор почнува да грми. Рокерот слуша и брзо ги вади тубите со вазелин.
Таткото веднаш скокнува:
– Полека бе момче, полека, јас ќе измијам садовите, само полека!

Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа:
– Таа е сон!
Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. Редовно ја гледав во долна облека кога и да бев кај нив на гости.
Еден ден сестра и ме повика на гости да ги проверам поканите за венчавката. Беше сама дома кога стигнав. Седнав во дневната и таа ми шепна дека отсекогаш ме посакувала, а јас наскоро ќе бидам оженет. Рече дека кон мене има чувства кои не може да ги победи. Јас шокиран не можев да си поверувам што слушам. Ми рече:
– Одам горе во спалната, ако сакаш само дојди, а јас ќе ги исполнам сите твои желби!
Укочен од шок само ја гледав како се качува по скалите, ги соблече гаќичките и ги фрли врз мене. Стоев еден момент, се свртев и побрзав кон излезната врата од куќата. Побрзав кон автомобилот, а во тој момент се појавија мојата вереница и дедото кои трчаа кон мене.
Таа ме гушна и бакна:
– Мил мој, знаев дека си совршен!
А, дедото додаде:
– Овој мал тест ме увери дека ја давам ќерка ми во вистински раце! Честитам! Добре дојде во семејството!
Главната поука на приказната е:
СЕКОГАШ чувајте ги кондомите во автомобилот!