Вицеви за баби и дедовци

Шефот: Имаш 50 цигли во авион, фрлаш една,колку ти остануваат?
Кандидатот: 49
Шефот: Како во три потези ќе ставиш слон во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот, го ставам слонот внатре, го затворам фрижидерот.
Шефот: Како во 4 потези ќе ставиш жирафа во фрижидер?
Кандидатот: Отворам фрижидерот,го вадам слонот, ја ставам жирафата, го затворам фрижидерот.
Шефот: Лавот слави роденден, дали сите животни се присутни на забавата?
Кандидатот: Не, жирафата е уште во фрижидерот.
Шефот: Како баба ќе помине река полна со крокодили?
Кандидатот: Лесно, само ќе преплива бидејќи крокодилите се на роденден кај лавот!
Шефот: На крајот, бабата умира,зошто?
Кандидатот: Се удавила?
Шефот: Грешно! Ја погодила циглата од авионот! СЛЕДНИОТ!!!
Една баба полни 100 години, и на својот сопруг кој има 99 му вели:
- Е мој Трпе, пред да одам на оној свет би сакала да ти ја кажам мојата последна тајна. Појди на таван и донеси ми ги двете кутии што се наоѓаат од лева страна на последната сталажа.
Оди Трпе и после 5 минути се враќа. Гледа во едната кутија 2 јајца а во другата 15.000 евра.
- Гледа Трпе и се чуди.
Кажи драга што значат овие 2 јајца?
- Знаеш Трпе, во брак сме веке 78 години, секој пат кога не бев задоволна во кревет со тебе, ставав по 1 јајце во кутијата.
Трпе весел, насмеан, среќен оти само 2 пати не ја усреќил Трпана гордо ја запрашал:
- А, овие 15.000 евра?
Што значат тие?
Ех, Трпе, секогаш кога ќе ја наполнев кутијата одев на пазар и ги ПРОДАВАВ ЈАЈЦАТА