Skip to main content
Една жена секој ден му готвела само зелка манџа на сопругот.
Ден, два, недела, месец… на мажот му здодеало да јаде само зелка и решил да ја однесе сопруга во ресторан. Ем да ги подобри односите со неа, ем да си касне нешто друго, ем и таа да види дека зелката не е единствената храна.
Отишле во ресторанот, седнале, мажот го зел менито, но уште пред да успее да нарача нешто, жената го прашала келнерот:
– Имате ли зелка манџа?
– Да, госпоѓо.
– Донесете две порции.
Мажот останал збунет, не издржал и прашал:
– Абе, жено, зошто пак зелка?! Дома – зелка, тука – зелка! Ми се гади веќе од зелка! Зошто не јадеме ништо друго?
Жената:
– Додека свршуваш како зајак – само зелка ќе јадеш!
На една жена и починал мажот и таа многу страдала.
На една жена и починал мажот и таа многу страдала. Не можела да се соземе дури цела година по неговата смрт. Случајно запознала еден човек кој се занимавал со реинкарнација, контакти со духови и сл. Го замолила да ја поврзе со нејзиниот сопруг.
Направил чуден ритуал, зборувал чудни зборови и успеал да се поврзе со духот:
– Пешо, ти ли си?
– Јас сум Маро, кажи како си ти, добро ли си?
– Пешо, тешко ми е за тебе, од работа дома, од дома на работа… Кажи ти како си?
– Па добро сум: Наутро се будам, имам cekc, потоа доручкувам, пак имам cekc, потоа дошло време за ручек-ручам, потоа пред попладневното спиење пак cekc, кога ќе се наспијам пак cekc, каснувам и cekc, и дошло време за вечера- вечерам и после пак cekc, легнувам да спијам и наутро исто…
– Лелелеелелееееее Пешооо! Ти да не си отишол во рајот?
– Аха… рајот, како не. Се реинкарнирав – зајак сум тука во Долно Соње!