Български
English
Deutsch
Español
Русский
Français
Italiano
ελληνικά
Македонски
Türkçes
Українські
Portugal
Poland
Sweden
Катерија:
категории вицови
Facebook Вицови
Слики
Најпопуларни
Најнови
Полицајски
Плавуши
Чак Норис
Семејни
Жени
Oще
Катерија:
Галерии
Полицајски
Предходна
Следна
Полицаец оди на работа гол. Го прашуваат:
- Што се случи, Васко, зошто си гол?
- А да... вчера бев во ноќен клуб...
- И?
- И играв, играв и се беше во ред...
- И?
- И тогаш диџејот ја запира музиката и вели: „Сега ќе го изгаснам светлото 30 секунди и сите мажи да се соблечат!“
- Добро и?
- Диџејот повторно рече: „Сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите девојки да се соблечат!“
- Интересно!
- Ги пали светлата и сите девојки беа голи!
- Супер!
- И тогаш диџејот рече: „сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите мажи на работа!“
- А ти?
- И јас дојдов на работа.
Шефот изнервиран дека неговите полицајци се глупави им вика:
– Сакам утре сите да ми кажете што е тоа логика!
И иде еден цајкан дома, мисли мисли, па ја прашува жена му.
– Абе жено, што е тоа логика?
– Епа вака сега… ти имаш аквариум така?
– Да
– Епа тоа значи дека сакаш риби, така?
– Да, да.
– Сакаш риби значи сакаш женски. Сакаш женски значи не си педер! Тоа е логика свати?
И иде следниот ден цајканот кај шефот и му вика
– Шефе знам што е логика!
– Е ај кажи.
– Ти имаш аквариум дома?
– Не.
– Епа педер си!
Полицаец на работа на стадион, за време на утакмица се туфка ли туфка, па на крај изнервиран станува и вика:
- Па добро бе мајку му стара, не може ли да ќутите и да навивате!!!
Влегува полицаец во метро и му вика на шоферот:
- Следи ја црната кола!
Излегува полицаец од пекара и му вели на колегата:
- Ако погодиш колку кифли имам во џебот ќе ти ги дадам и двете.
- Добар ден...
- Добар ден, извинете, дали сте близнаци?
- Не, зошто прашувате?
- Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки!
- Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!
Во полициска станица:
- Шефе, жена убила маж со 12 убоди.
- Причина?
- Одел бос додека го бришела подот.
- Ја уапсивте?
- Не, чекаме да се исуши подот.
Се јавува Трпе во полиција:
- Ало, полицијата?
- Да, кажете!
- Сакам да пријавам исчезнато лице!
- Откога е исчезнато?
- Веќе три поста не ми лајкувал.
- Да не се безвезе постовите?
- Не! Еден виц и две смешни слики.
- Дали му пишавте порака?
- Да, нема ни seen.
- А он постирал нешто?
- Веќе 5 часа, ништо...
- Разбирам, сериозна е работава... дајте адреса, ќе испратиме патрола веднаш.
Сообраќаец го застанува Цветко:
- Добар ден.
- Добар ден.
- Знаете ли зошто ве застанав?
- Затоа што сте осамени...
- Господине напуштете го возилото, ве молам.
Олигарх и мафијаш ја договараат нивната идна соработка. Кога постигнале договор олигархот вели:
– ОК, се е јасно, а со мојот син што ќе се случува?
Мафијашот:
– Ајде да провериме. Ти стави на масата 1000 евра, а јас ќе го ставам пиштолот. Викни го твојот син. Ако ништо не земе, значи ќе стане чесен човек, не дај Боже. Ако ги земе парите, значи ќе тргне по твојот пат, а ако го земе пиштолот – по мојот.
Влегува синот на богаташот, ги става во едниот џеб парите, во другиот пиштолот и излегува… Олигархот и мафијашот се погледуваат:
– Хм… и полицаец не е лошо…
Предходна
Следна
×
Додади виц
Title
Text
Error Message will be displayed here!