Разговараат двајца пријатели и едниот раскажува како си поминал во Шпанија.
– Кога бев во Шпанија, гледав борба со бикови. По борбата влегов во најблиското ресторанче да пробам некое национално јадење. Додека чекав, келнерот помина со еден послужавник, на кој имаше една чинија полна ориз со магдонос, а врз него две големи топки од месо. Го прашав што е тоа и тој одговори дека тоа е Тестароса, специјалитет кој се прави од тестисите на бикот. Еднаш сум во Шпанија па решив да пробам и ми се допадна. По неколку дена се вратив пак таму и си нарачав од истото јадење. Овој пат келнерот ми донесе една мала чинија со малку ориз и две мали топчиња месо на врвот. Прашав дали не ја згрешил нарачката за Тестароса, а тој ми вели: „Не, Сенор, јадењето е исто… само понекогаш бикот победува.“

Одат во кафана директори на Прилепска, Скопска и Битолска пивара, седнуваат и иди келнерот:
- Повелете.
- За мене од најубавото пиво во Македонија Скопско (рекол директорот на скопска пивара)
- За мене од нај јакото пиво во Македонија Кенбах (рекол директорот на битолска пивара)
- За мене Пригат (директорот на прилепска пивара)
Се бунат директориве од скопска и од битолска
- Оти бе Пригат?
Прилепчанецот:
- Ами кога пијате вие сокче и јас че пијам сокче!