Вечерта пред Нова Година, очаен човек оди по улицата, и по едно време гледа пред себе: Старец со бела брада, црвено палто и со вреќа на грбот.
– Ти Дедо Мраз ли си?
– Да, човече, зошто си така загрижен?
– Со жена си се скарав, син ми е во поправен дом, немам пари, ме отпуштија од работа…
– Доста, додека! Нова Година е, ќе ти исполнам 3 желби.
– Добро! Прво, сакам куќа со базен, со гаража, со градина.
Старецот плеска со рацете:
– Готово! Второ?
– Да! Сакам пари, многу пари!
Старецот повторно плеска со рацете:
– Имаш на сметка во банка 100 милиони долари.
– Супер! А сега, трето, последно, сакам кога ќе си одам дома, таму да ме чека Клаудија Шифер!
Старецот пак плеснува со рацете:
– Готово! Сè е исполнето. Но, сега сакам и ти мене да ми исполниш една мала желба.
– Па, кажи, Дедо Мраз!
– Сакам да ми го ис*ушиш!
– Па, ти направи толку многу за мене, ќе се помачам и јас малку.
Се поти човекот и со многу маки успева да му заврши работа на Дедо Мраз. Задоволен, старецот му вели:
– Момче, колку години имаш?
– 35.
– Е, и уште веруваш во Дедо Мраз?
13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет. Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола.
– Првиот цајкан веднаш запишува ‘Јагуар’.
– Вториот се мисли, и се мисли (‘мислам значи постојам’), и пробува да види и да препише од првиот свој колега. И место да прочита ‘Јагуар’, тој прочитал ‘Јануар’, и си напишал целиот среќен ‘Фебруар’.
– Третиот по примерот на вториот, си напишал ‘Март’, четвртиот ‘Април’……..итн се до 12-тиот цајкан, а кој си напишал ‘Декември’.
– 13-тиот мислел, мислел, мислел (‘мислам значи постојам’), нема веќе месеци, и на крај му текнало и си напишал ‘Среќна Нова Година’.