Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен.
За брзо време направил многу пари,па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува. Си оди женската и Трпана прашува:
- Која е оваа бе?
- Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде,имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот. Влегуваат тие во ресторан,седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга,со женска на соседната маса.
- Која му е онаа на Гоце?
- Швалерка.
Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:
- Ха, нашата е поубава.
Си имал Мујо пит бул, а Хасо волчјак.
Се здавиле кучињата и пит булот го изел волчјакот. Отишол Хасо и купил дога. Пак се степале кучињата и пак пит булот победил. Хасо отишол по третпат и купил шарпланинец, но пит булот и него го победил. Ептен налутен Хасо отишол по ново куче и после два дена се вратил со пекинезер. Мујо се згазил од смеење кога го видел пекинезерот. Отишле кучињата позади една грмушка да се тепаат. После некое време се вратил пекинезерот носејќи ја главата на пит булот. Мојо кога видел што се случило почнал да плаче:
– Знаеш ли бе ти колку пари јас платив за тој пит бул?
– А ти знаеш ли јас колку платив пластична операција за ова крокодолов да ми го направат пекинезер?
19 причини зошто е подобро да си од посилниот пол;
1. Со една фризура можеш да тераш години, дури и цел живот.
2. Секој пат доаѓаш до оргазам.
3. Не ти треба ништо друго, освен четка за заби за да преспиеш на друго место.
4. Не ти е гајле ако на втора забава по ред некој е облечен во иста облека.
5. На 55 можеш да изгледаш подобро отколку на 35.
6. Автомеханичарот секогаш ти ја кажува вистината.
7. Мустак за тебе е прашање на избор, а не проклетство.
8. Презимето никогаш не ти се менува.
9. Можеш да погодиш петта брзина од прва! Рикверц исто така!
10. Луѓето не те зјапаат во градите додека им зборуваш.
11. Телефонскиот разговор ти трае 30 сек. „Ало. Одговараш на прашањето. Чао.“
12. Знаеш се за фудбалот и за автомобилите.
13. Можеш да отвориш тегла, без да си ја искривиш фацата
14. Можеш да смениш автомобилска гума.
15. Можеш да станеш од кревет 10 минути пред да излезеш.
16. Кога си облечен официјално можеш да трчаш, без минувачите да умрат од смеа.
17. Не се мислиш на која страна се врти штрафот.
18. Некој може да не те покани некаде и пак да си останете пријатели.
19. Можеш да се потстрижеш и за 100 денари.