Полицаец застанува еден човек и го прашува:
– Господине, вие пијан сте?
Овој му одговара:
– Не.
Полицаецот:
– Добро,ама одговорете на прашањево. Гледате две светла кои идат накај вас, што е тоа?
Возачот одговара:
– Па кола.
Полицаецот:
– Да,ама каква кола? Мерцедес, Опел, Цитроен…
Возачот збунето одговара:
– Па од каде да знам!?
Полицаецот:
– Ти си пијан. Ај сега одговори на ова прашање: Гледате едно светло кое иде накај вас, што е тоа?
Возачот:
– Мотор, секако.
Полицаецот:
– Мотор е, ама каков, Јамаха, Хонда, BMW?
Возачот налутено одговора:
– Па јас не можам тоа да го знам.
Полицаецот:
– Ти си сигурно пијан.
Возачот:
– Ај сега јас да те прашам едно прашање. Ако по патот видиш полугола жена со мрежести хулахопки, што е тоа?
Полицаецот:
– Лесно, стриптизерка.
Возачот насмеано:
– Да, ама од каде знаеш дали е ќерка ти, жена ти или мајка ти?