Професорот по математика решил да се пошегува со Зоки Поки пред целиот клас:
– Ученици, ако Зоки ја реши следнава задача ќе му ставам 5-ка:
„Патувам во авион на 1.600 м. надморска височина. Авионот се движи со брзина од 565 км на час. Во авионот има 195 патници, 2-ца пилоти, 5 стјуардеси, 2.800 кг. багаж, шеќерот се потрошил, а 7 патници сакаат кафе! Колку години сум јас?“
Во училницата настанува мртва тишина.
– Ха, па тоа е лесно, 44 – вели Зоки со досаден глас.
Професорот многу се зачудил, бидејќи тој всушност бил 44 години.
– Баш ме интересира како пресмета бе Зоки?
– Па, многу лесно! Имам брат кој има 22 години и е полу-идиot!

Во авион се подигнат Бил Гејтс, Меси, Папата и македонски турист со ранец полн со храна.
Во еден момент од летот пилотот излегува од кабината и вели:
– Авионот паѓа, ние сме 5 луѓе, а имаме само 4 падобрани – зема 1 падобран и скокнува.
Меси вели:
– Јас сум најдобриот светски фудбалер, мора да преживеам! – Зема и тој 1 падобра и скокнува.
Бил Гејтс вели:
– Јас сум најпаметниот човек во светот, мора да бидам спасен! – Зрма 1 падобран и скокнува.
Остануваат Папата и Македонецот. Папата:
– Сине мој, јас сум стар, Бог ќе се погрижи за мене, скокај, спасувај се.
– Нема потреба. Најпаметниот човек во светот скокна со ранецот со храна.
Позната авиокомпанија објавува оглас за пилот. На огласот се пријавуваат Германец, Англичанец и Македонец. Директорот го прашува Германецот:
– Колку време летате?
– Три години.
– А колкава плата барате? – Три илјади евра. Илјада – мене, илјада – на сопруга, илјада – за осигурување.
Потоа го прашува Англичанецот
– Колку време летате?
– Шест години.
– А колкава плата би сакал да земате?
– Шест илјади. Две – за мене, две – за фамилијата, две – за осигурување.
Го прашува на крај Македонецот:
– А, вие колку време летате?
– Кој јас? Да летам немам поим, а се плашам и од височина. Но, сакам да земам по девет илјади евра плата.
– ?!
– Па, три – мене, три – тебе…
Директорот на авиокомпанијата прашува зачудено:
– Чекај, чекај, а кој ќе лета?
– Како кој – Германецот, тој се согласува да лета за три илјади!!!

Си биле Роналдо, Буш, Папата и некое дете и се возеле во авион.
Авионот требал да се сруши а имале само три падобрана и пилотот рекол вие договорете се кој ке загине. И Роналдо рекол јас сум фудбалер и мене ме плаќаат и се фрлил, потоа Буш рекол јас сум претседател на Америка и мене ме чека толкава држава и се фрлил, останале само папата и детето и папата рекол ти дете си помлад и ти треба да се фрлиш јас сум стар и мене ме чека крајот на животот ти фрли се, а детето извикало не се секирај Папа, Буш го зема мојот ранец за во школо.