Во бон тон школо и добро однесување седат група млади и слушаат предавање.
Младата професорка поставува прашање:
- Перо, и се удвараш на девојка од добра и угледна фамилија, образована и ја покануваш на вечера. Одеднаш, мора да одиш до wc.
Што ке и кажеш?
- Ќе кажам – причекај ме малку ќе одам да мочам.
- Ова е многу просто и некултурно од твоја страна.
- Спасе, што би рекол ти?
- Извини, би морал да одам до wc одма се враќам.
- Ова е нешто подобро, ама не е убаво да спомнуваш wc за време на вечера.
- Анте, како ти би ја употребил својата интелигенција и способност и го покажеш твоето добро однесување?
- Па ја би рекол:
Извинете што морам да излезам на момент, мила, одам да му пружам рака на еден мој близок пријател, со кој се надевам дека ќе имам прилика да Ве запознам после вечерата.
Тројца мажи стигнуваат во рај во отприлика исто време. Свети Петар седнал и им објаснил дека рајот станува прилично полн, па одлучиле на секој трет да му дозволуваат влез во рајот. Св. Петар одлучил дека оној од тројцата кој умрел на најлош можен начин, ќе влезе во рајот. Седнува со првиот малку по на страна и чека да ја раскаже неговата приказна.
- Имав многу лоша недела. Веќе подолго време се сомневам дека жена ми ме изневерува, па тој ден излегов порано од работа за да ја фатам на дело. Стигнав дома, ја гледам жена ми гола во кревет, ама него никаде го нема. Барам низ стан и го начекав копилето како виси на мојот балкон. Живеев на осми спрат, па почнав да му ги газам прстите за да го натерам да падне, ама гомнарот никако не сакаше да се пушти. Влегов назад во стан и земав чекан, па почнав да му ги кршам прстите. Најпосле се пушти и падна на грмушки, па се гледаше дека уште е жив! Влегов пак во стан, го извадив фрижидерот од струја, го фрлив од балкон, и право над типот падна. Веќе беше сигурно мртов.
После таа случка, се чувствував многу лошо па се самоубив.
Св. Петар се согласил дека ова е еден лош начин да се умре, но сепак го повикал вториот малку на страна, да ја чуе неговата приказна.
- Купив една нова книга за Јога па решив да ја испробам. Се вратив дома на десети спрат и почнав да вежбам, ама загубив баланс и паднав преку прозор. За среќа, се фатив за балконот два спрата подолу, кога од никаде се појави еден и почна да ми ги гази прстите! Фала му на Бога успеав да се задржам, и кога отиде внатре пробав да се искачам, ама овој пат типот се врати со чекан и ми ги скрши прстите! Не можев повеќе да се држам и паднав од осми спрат. За среќа паднав на грмушки, па ми го ублажија падот и завршив само со скршени коски. За среќа останав жив. Последно на кое се сеќавам е огроменв фрижидер како паѓа врз мене и ме убива.
Уште еднаш Св. Петар се согласува дека ова е ужасен начин за да умреш. Сепак, го повикува и третиот на страна. И овој ја почнува приказната за својата смрт.
- Замисли ова Петар. Гол пиштол во фрижидер на осми спрат...