Богат човек имал афера со Италијанка повеќе години. Еден ден Италијанката му кажала дека е бремена.
Тој несакал да абортира, па и ветил дека секој месец ќе праќа пари за детето се до неговата 18 година. Исто така ја замолил и да се врати во Италија. И рекол да му прати писмо кога ке се роди детето, а во него да пишува Шпагети. За да може да познае. По 9 месеци дома му стасува писмо и женаму го отвара. Збунета му го дава писмото, а тој го чита на глас:
– Шпагети. Шпагети. Шпагети. Две со ќофтиња, другото без ништо.

Доаѓа ќерката дома и бара благослов од татко и за да се омажи.
- Тато јас се заљубив многу, сакам да се мажам!
- Во кого се заљуби?
- Во оној Рикардо што работи во твојата фирма, многу се сакаме!
- Знаеш што ќерко, морам да ти кажам дека не можеш да се омажиш за него, знаеш јас многу одамна имав тајна врска и Рикардо ти е полубрат, ама те молам немој да и кажуваш на мајка ти.
Девојката тагувала неколку месеци и кога конечно нашла нова љубов доаѓа повторно кај татко и:
- Тато јас пак се заљубив имам нов дечко многу се сакаме и сакаме да се земеме.
- А во кого се заљуби сега?
- Во оној Мануел што работи кај тебе во фирма.
- Знаеш што ќерко мене ми е стварно жал ама морам да ти кажам дека и за него не можеш да се омажиш, имав уште една афера и Мануел ти е полубрат!
Девојката не знаела што да прави и отишла кај мајка и да се пожали:
- Мамо, јас дава пати сум пред земање ама тато ме спречува затоа што и двајцата ми биле полубраќа од неговите афери.
- Ќерко слободно мажи се за кого сакаш, тој не ти е татко!