Си бил некој милионер, кој од хоби собирал живи алигатори и ги чувал дома во базен.
Исто така имал прекрасна ќерка која не била мажена. Еден ден решил да направи журка и ги поканил сите луѓе што ги знаел и што не ги знаел. На сред забава ја прекинал музиката и соопштил:
- Драги гости. Имам предлог за сите мажи овде. Ќе дадам милион долари или раката на мојата ќерка за оној кој ќе го преплива базенов полн со алигатори и жив ќе излезе од другата страна…
Уште не завршен со соопштението милионерот слушнал "пљас" се свртел и видел човек како панично брзо плива од едната кон другата страна од базенот. Откако излегол надвор неповреден, милионерот му се обратил:
- Браво бе дечко. Мислев нема никој да се нафати и жив да излезе, ама ти беше фантастичен. Јас морам да си го одржам зборот, па затоа кажи ми што сакаш, милион долари или мојата ќерка.
- Слушај човек. Не ги сакам ни твоите пари, нити ќерката. Туку која будала ме бутна у базенот.

Полицаец оди на работа гол. Го прашуваат:
- Што се случи, Васко, зошто си гол?
- А да... вчера бев во ноќен клуб...
- И?
- И играв, играв и се беше во ред...
- И?
- И тогаш диџејот ја запира музиката и вели: „Сега ќе го изгаснам светлото 30 секунди и сите мажи да се соблечат!“
- Добро и?
- Диџејот повторно рече: „Сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите девојки да се соблечат!“
- Интересно!
- Ги пали светлата и сите девојки беа голи!
- Супер!
- И тогаш диџејот рече: „сега ќе го изгасам светлото 30 секунди и сите мажи на работа!“
- А ти?
- И јас дојдов на работа.