Вицеви за банки и банкари

Современи ТЕШКИ клетви:
Лајк да не видиш!
Вонземјани од одмор во Охрид да те земат!
Да даде Господ Латас кравата да ти бира!
Обвинител во банката да ти влезе!
Здравствена реформа да те фати!
Да пукнеш како смартфон на плочки!
Милиони да имаш, и сите за даноци да ги дадеш!
Шминките да ти се исушат!
Со Вeлија Рамковски ортак да станеш!
Да даде Господ син ти зет да донесе дома!
99 дена на диета да си, 99 кила да качиш!
Двете страни на перницата да ти бидат излигавени!
Од вежби аир да не видиш!
Да ти гризне Калиопи од сендвичот од МекДоналдс!
Силиконот да ти пукне!
Да даде Господ девојка ти во Фотошоп да ти се средува!
Платата да ти ја дадат во десетденарки.. метални.
Тирамису со фета сирење да правиш!
Никогаш да не можеш да си ја погодиш водата кога се тушираш!
Бившиот дечко без пудра да те види!
Со позитивното ти размислување по твојата глава!
Да даде Господ детето матура да ти прави како оние во Бугарија!
Постот на Фејсбук да ти го пријават!
Со јужнокорејски авион на Малдиви да одиш!
Да даде господ Линексот шо го носиш за секој случај на одмор, да ти притреба!
Да ти пукне кондомот ко пневматик на F1!
Да даде Господ Драган Вучиќ да и рече на ќерка ти “Браво Султанке”!
Да отидеш во некој хотел кај шо WiFi-то не дофаќа до вецето!
Да даде господ на свадбата Гулабица да ти пее!
На следните избори во сабота да гласаш!
Драги, меѓу нас е готово”. Така гласи стандардната реченица, додека таа стои на врата, решена да замине... . Каква е неговата реакција? Зависи:
Атеист: Не ми се верува.
Будист: Само ти да си среќна.
Католик: Јас сум крив.
Евреин: Ќе ти вратам.
Меланхолик: Ќе се убијам!
Колерик: Ќе те убијам!
Апатичар: Добро.
Песимист: Знаев!
Оптимист: Земи клуч за секој случај.
Реалист: Тоа е мој куфер!
Наивен: Кога се враќаш?
Скептик: Сигурна си?
Филозоф: Зошто баш денес?
Адвокат: Тоа ќе кошта.
Банкар: Тоа ќе ме кошта.
Јапи: Колкава му е платата?
Либерал: Конечно слободен!
Зелен: Оди со точак.
Готвач: Ми го збибери.
Полицаец: Застани, ќе пукам.
Математичар: Лошо си се пресметала.
Поет: Готово-мотово?
Физичар: Закон си.
Новинар: Шокантно! Скандалозно!
Твитерџија: Ретвитни ме понекогаш.
Пекар: Враќај се, не јади бурек.
Аеродромец: Само да не е од Центар.
Центарец: Марш бре сељанко.
Охриѓанец: Ам за смештај шо ќе прајте?

Двајца психијатри седат на висок мост на кој имало многу туристи. Едниот вели:
- Секогаш тврдиш дека си подобар психијатар од мене. Ако можеш да убедиш тројца од овие туристи да скокаат од мостот и да се искршат, тогаш ќе ти дадам рака и ќе признаам дека си подобар.
Другиот прифатил. Тој внимателно ги погледнал луѓето наоколу, му пристапил на еден и му рекол:
- Ти си Американец, нели?
Човекот потврдил.
- А знаеш ли дека си шворц. Кредитната картичка ти е блокирана, куќата и автомобилот ти се конфискувани од банката?
- Тогаш зошто ми е ваков живот? – Рекол Американецот и скокнал од мостот.
Психијатарот погледнал наоколу и избрал втор човек.
- Ти си Французин, нели? Дали знаеш дека твојата сопруга избега со твојот најдобар другар, а љубовницата си најде друг?
- Тогаш нема зошто да живеам! – Рекол Французинот и скокнал од мостот.
Психијатарот му пристапува на трет:
- Ти си Македонец нели?
- Да.
- А знаеш ли дека од овој мост е забрането да се скока?!