vicBgLogo
Български Български English English Deutsch Deutsch Español Español Русский Русский Français Français Italiano Italiano ελληνικά ελληνικά Македонски Македонски Türkçes Türkçes Українські Українські Portugal Portugal Poland Poland Sweden Sweden
Катерија:
  • категории вицови
  • Facebook Вицови
  • Слики
  • Најпопуларни
  • Најнови
  • Полицајски
  • Плавуши
  • Чак Норис
  • Семејни
  • Жени
Катерија:
Галерии
Најнови
Предходна
Следна

Трпана имала љубовник во друг град. Не знаела како да се извлече од дома за да се види со него, па љубовникот и рекол да излаже дека ќе оди на погреб на некој роднина. Така и направила, но маж и и рекол и свекрвата да оди со неа. Му се јавува таа на љубовникот и му кажува дека и свекрвата ќе дојде со неа и го прашува што да прави.
- Доведи ја и неа. Ќе и најдеме некој. И таа ќе биде задоволна – и вели љубовникот.
После „погребот“ одејќи си дома, снаата ја прашува свекрвата:
- Мамо, што ќе кажеме кога ќе стигнеме дома?
- Ти снао кажи што сакаш, а јас како што е ред, после 40 дена морам пак да одам.

Во болница докторот му се обраќа на пациент:
- Овие апчиња за лечење на Корона вирусот ќе мора да ги пиете до крајот на животот.
- Ама докторе, сте ми дале рецепта само за една недела...
- Е да де, што не е јасно?

Български Български

Отишол Трпе на гинеколог.
– Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја пробува сега Трпе жената и вика:
– Докторе ај уште малку прошири и ја.
Овој пак ја однел во другата соба.
Трпе сега ја пробува жената.
– Е сега е добро докторе, фала многу, пријатно!
Идната вечер Трпе со другарите оди во кафеана. Кога таму ете ти го и гинекологов.
Гинекологов почнал да се фали пред другарите:
– Го гледате оној шутракон, вчера ја донесе жена му да и ја подраширам, а бе што мераци видов…
На другата маса пак Трпе се фали пред другарите:
– Го гледате оној ондека, е вчера немав каде да ја однесам ороспијана, па ја однесов кај него, што мерак си направивме…

Влегува дебела жена во аптека и прашува:
- Имате ли нешто ефтино за слабеење?
- Да, имаме. Ханзапласт.
- А како се користи?
- Се лепи на уста

- Не сам пијан дај ја ќе возу
- Брат ај седи летва пијан си
- Абе викам ти не сам пијан дај ја да возу
- Друже или седи или молим те искочи од такси!!

- Како прави кучето?
- Ав, ав...
- Како прави мачето?
- Мјау, мјау...
- Како прави змијата?
- Не може да одиш со другарите на пиво!

Разговараат две плавуши и едната ја прашува другата:
- Кој Windows го имаш на компјутерот?
А оваа и одговара:
- Welcome... А ти?
- Еее и јас истиот.

Оди Цветко кај некоја гатачка и таа му вели:
- Имате две деца.
- Така ти си мислиш, јас имам три деца!
- Не, ти така си мислиш!

Български Русский

Фатил Македонец златна рипка и почнал да ја гњави за политика и рибата му вика:
- Дај испржи ме жити мајка.

Некој бизнисмен сакал да му подари автомобил на еден пратеник.
- Знаете, јас не можам да прифатам толку вреден поклон...
- Добро тогаш да речеме дека сум ви го продал, за 20 евра. Може?
- Па ако е така, тогаш ќе земам 2.

Предходна
Следна
© 2006 - 2021 vic.bg

Додади виц

Error Message will be displayed here!