Плавуша се вози со такси до дома и пред да стигне таа го прашала возачот колку треба да плати, тој и рекол 70 денари, но тогаш таа видела дека го загубила паричникот и му рекла на возачот:
- Господине ама јас сега нема со што да платам.
Тогаш возачот се налутил и ја одвел на друго место, таа му викала:
- Аман господине ќе го решиме проблемот на друг начин, каде ме носите?
Тогаш тој застанал на некоја ливада, ја извадил плавуша од кола и постелил чаршав на ливадата, плавушата почнала да вика:
- Аман господине ве молам јас сум мажена, имам две деца.
Тогаш возачот и рекол:
- Види вака, јас не ти мислам никакви валкани работи, дојди да скубиш овде трева, знаеш ти колку зајаци ја имам дома?!