Директор на фирма вработува нова секретарка. Уште првиот ден и ги диктира правилата:
- Кога ќе речам Сакам кафе, значи сакам кафе.
- Кога ќе речам Ајде да правиме извештај, значи дека сакам cekc.
- Добро шефе!
Другиот ден директорот.
- Стојне, ај донеси ми кафе и извештај.
- Жалам шефе, но во моментов сум на месечна ревизија.
- Добро, тогаш сакам само кафе.
Му го донела кафето и загрижена што го одбила вели:
- Директоре, ако сакаш извештајот да то го издиктирам усно?
- Не, не, уживај, јас веќе го напишав рачно.

Умира дегустатор на вино кај еден познат велетрговец со вино, па фирмата објавува оглас за вработување на нов. Се пријавува еден валкан пијаница. Директорот на фирмата се обидува да смисли начин како да го одбие. Му дава чаша вино да проба и пијаницата вели:
- Мускат, три години стар, одгледан на северен рид, однегуван во челично буре. Низок квалитет, но прифатлив.
- Точно,- и вели директорот на секретарката.- Дајте му уште една чаша на проба!
- Каберне, осум години стар, југозападен рид, дабово буре, зреење на 8 степени Целзиусови. Уште три години зреење и ќе ги покаже најдобрите резултати...
- Точно!
Трета чаша...
- Бело шампанско пинот, висок квалитет и ексклузивно,- ладнокрвно вели пијаницата.
Директорот е запрепастен. И намигнува на секретарката и нешто и шепнува. Таа излегува од собата и се враќа со чаша жолта течност. Пијаницата пробува, па вели:
- Плавуша, 26 години. Трет месец бремена и ако не ми дадете работа, ќе кажам кој е таткото!