Вицови за психолози и психијатри
Маж облечен во облека како Наполеон, влегува во кабинетот на психијатарот:
– Докторе, ми треба вашата помош веднаш…
– Да, забележав! – Одговара докторот.
– Ве молам легнете на овој кревет и ќе поразговараме за вашите проблеми…
– Докторе, јас лично немам никакви проблеми. Како император на Франција, јас имам се што ми е потребно – пари, жени, власт – апсолутно се!
Проблемот е во мојата жена – Џозефина. Се плашам дека таа има некакво психичко заболување…
– О, разбирам. И како се манифестира тоа?
– Па, поради некоја чудна причина, таа смета дека е госпоѓа Ивановска.
Двајца патуваат во авион од Мајами за Њујорк:
– Јас сум психолог.
– Јас пак сум крупен мафијаш… Ај да те видам што за психолог си? Пробај да погодиш што мислам! За секоја мисла што ќе ја погодиш, ќе ти давам по сто долари.
– Ама јас сум психолог, не сум гатачка!
– Абе се работи за сто долари, пробај!
– Па, се враќаш од море. Значи сега се сеќаваш колку убаво ти било.
– Браво! Точно! Еве ти стотка.
– Штом ти било убаво, тогаш си бил со жена. И сега мислиш на неа.
– Токму така! Еве ти уште една стотка.
– Покрај тоа, не ти се сака да се вратиш дома.
– Правилно, еве ти уште сто долари…
– Штом не ти се враќа, сигурно си оженет. А штом си мафијаш, сигурно мислиш дека нема да е лошо да убиеш жена ти и да останеш со другата.
– Аха! Еве ти илјадарка!
– Ама зошто илјада? Нели требаше да даваш по сто на мисла?
– Ова не е мисла, туку идеjа!