– Колку продажби направи денес? – Прашал менаџерот.
– Пааа… една.
– Една?!? Обично продавачите прават по 20-30 дневно. И за колкава сума?
– За 115.237 евра.
– Што? За 115.237 евра? И што продаде?
– Па дојде еден човек и јас му продадов мала кука за риба. Потоа му продадов средна кука. Потоа му продадов голема кука. Потоа му продадов нова јадица. Го прашав каде планира да оди на риболов, тој рече „надолу по брегот“, му реков дека ќе му треба чамец. Го одведов на долниот кат и му го продадов моделот на Haines Hunter со двата мотора. Потоа тој спомна дека неговата Хонда Сивик одвај ќе може да го влече овој брод, па јас го однесов кај автомобилите и му продадов еден Паџеро 4х4.
Менаџерот бил апсолутно шокиран. Едвај нашол сили во себе да го праша:
– Сакаш да ми кажеш дека човекот дошол да си купи мала кука за риба, а ти си му продал моторен чамец и автомобил?!?
Продавачот одговорил:
– НЕ. Всушност бил излезен да купи тампони за неговата сопруга, била во циклус… И јас му реков дека и така и така викендот му е заебан, зошто да не си отиде на риба…

Блажо и Ристо заминале на риболов на Тиквешкото езеро, но заборавиле да земат пијавици. Тогаш Блажо му рекол на Ристо:
- Ристо, ај види позади грмушките, сигурен сум дека таму има пијавици.
Додека Ристо барал пијавици, Блажо фатил златна рипка. Таа му рекла:
- Ќе ти исполнам 3 желби ако ме пуштиш?
- Прво сакам да сум многу богат, рекол Блажо.
Добро рекла рипката.
- Потоа сакам да имам убава жена.
Договорено, рекла рипката. А која ти е трета желба?
- Па ајде да не ми се луте Ристо, исполни му и нему една желба.
- Важи, рекла рипката.
Тогаш од зад грмушките се појавува Ристо:
- Блажо, да ти го начукат 100 магариња, тука нема пијавици.
Маж и жена се одлучиле да одат на одмор на езеро познато како рај за риболовците. Мажот бил мераклија за ловење риба посебно во раните зори, а жената сакала да седи во мир и да чита книги.
Едно утро, после неколку часа риболов, мажот се вратил во куќичката и решил да дремне, а жената тогаш се решила да се прошета со чамче по езерото иако сама баш и не се снаоѓала добро.
Го запалила моторот и го одвела чамецот на едно осамено место, го фрлила сидрото и продолжила во тишина да ужива во својата книга.
По некое време се појавил риболовниот инспектор со својот чамец и се доближил до чамецот на жената:
- Добро утро госпоѓо. Што правите?
- Читам книга – одговорила таа (и во себе си помислила „зарем не е очигледно?!“)
- Се наоѓате на делот од езерото кој е забранет за спортски риболов, ја информирал инспекторот.
- Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам и читам книга.
- Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој е потребен за ловење и ако се прашувам јас, вие можете да почнете да ловите риба во секој момент. Ќе морам да ве однесам до станица и да поднесам пријава против вас, рекол инспекторот.
- Ако вие го направите тоа, тогаш знајте дека и јас ќе поднесам пријава против вас, но, за силување – му одговорила жената.
- Но, јас не ве ни допрев!? – рекол инспекторот.
- Да, но вие го имате целиот потребен прибор и ако се прашувам јас би можеле да почнете да ме силувате во секој момент..
- До видување госпоѓо и уживајте во овој убав ден!
Наравоучение:
Не се расправај со жена која чита. Многу е веројатно дека таа умее и да мисли.