Вицеви за баби и дедовци

86-годишен маж отишол на доктор на годишен преглед. Дедото му се пофалил на докторот:
– Се оженив за 18 годишна девојка, која забремени од мене. Што ќе кажете, докторе?
Докторот се замислил за момент и одговорил:
– Ќе ви кажам нешто. Имам еден познаник, кој е голем ловец, но еден ден брзајќи наместо пушката го зел својот чадор.
Се случило баш тогаш да сретне огромна мечка. Тој го подигнал чадорот го насочил го кон ѕверот и ја притиснал рачката. И погодете што се случило. Мечката паднала мртва.
– Невозможно – рекол старецот. – Сигурно ја застрелал некој друг.
– Токму тоа сакам да ви го кажам и јас – одговорил докторот.

Си имала некоја баба тројца зетовци и еден ден решила да ги тестира кој колку ја сака и почитува.
Излегла на прошетка со најстариот, поминувале покрај една река и бабата скокнала да се дави. Зетот без размислување, веднаш скокнал и ја спасил. Следното утро пред вратата го чекал нов Форд Фокус со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
Потоа бабата излегла на прошетка со средниот зет. Иста шема, бабата скокнала во реката, зетот скокнал и и го спасил животот. Наредното утрео пред вратата го чекала нова Опел Корса со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојата Баба“.
На крај бабата излегла на прошетка со најмладиот зет. Поминале покрај реката и бабата скокнала да се дави. Зетот се подзамислил: „На првиот му купи Фокус, на вториот Корса, значи мене ќе ми купи некоја евтина кинеска кола, нека се дави.“ И си тргнал накај дома. НАредното утро пред вратата го чекал нов Мерцедес со порака „Ти благодарам зете ми го спаси животот – Твојот Дедо“.
Еден старец отишол во аптека и со последните пари си купил вијагра. Се вратил дома и решил да ја изненади бабата.
Со треперливите раце го извадил апчено, но му паднало на подот. Петелот кој се шетал во близина го кловнал и го проголтал.
Старецот многу се налутил, го фатил петелот и решил да го убие бавно. Се мислел како и решил жив да го замрзне.
По 4 часа мислејќи дека петелот веќе е замрзнат, го отворил замрзнувачот да погледне. И што да види? Петелот жив и од него тече пот.
– Што се случува овде? – Прашал старецот.
– Како што – рекол петелот – Знаеш ли колку беше тешко да и ги раширам нозете на замрзнатава кокошка.