Полицаец во сообраќајна контрола запира возило и на возачот му вели:
- Господине, вашите документи ве молам.
Овој му дава возачка и сообраќајна. Цајканов го гледа дека е црнец, го чита името и му вели;
- Вие сте Леонардо Ди Каприо?
- Да, бе.
- Глумецот?
- Да, бе.- вели црнецов.
Цајканот пак го гледа, а овој црн ко ќумур.
-Момент господине ДиКаприо, да се консултирам со командирот…
„Командире, ало, јави се на прием!“.
-„На прием, кажи“
-„Абе, Титаник потона или изгоре?“

Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен.
За брзо време направил многу пари,па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува. Си оди женската и Трпана прашува:
- Која е оваа бе?
- Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде,имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот. Влегуваат тие во ресторан,седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга,со женска на соседната маса.
- Која му е онаа на Гоце?
- Швалерка.
Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:
- Ха, нашата е поубава.