Маж и жена купуваат цело утро, излегуваат од трговскиот центар, и гледаат дека нивниот автомобил го нема. Одат во полицијата и 2 часа даваат изјава.
Детективите ги превезуваат назад до трговскиот центар за да побараат некој доказ на лице место. За големо изненадување автомобилот е на истото место како и плик со порака и два билети за џез концерт на шофершајбната:
„Илјада пати извинете! Жена ми се пораѓаше, итно ми требаше автомобил! Ви оставам два билети за концертот вечерва. Се надевам дека со ова ќе ми простите за непријатностите!“
На мажот и жената веднаш им се насолзуваат очите, им се враќа довербата во луѓето. Одлучуваат да ги искористат билетите и да ја прослават убавата вест.
Вечерта, по концертот, се враќаат задоволни и среќни… што да видат куќата им е ограбена, а колата пак украдена. На масичката бо дневната наоѓаат порка:
„Ја обезбедувам иднината на новороденчето… Имам два билети за во сабота… ама сигурно не ви е до балет… нели?!?“
Граница. Кон царината се приближува возило. Доаѓа цариникот:
– Здраво, возите „Ауди кватро“, внатре сте петмина, еден да излезе, четворицата да продолжат…
Патниците збунето:
– Автомобилот е за пет луѓе, ние си се возим нормално, проверете не и да одиме…
Цариникот:
– Ви реков веќе, колата е „КВААААТРО“, значи ЧЕТВОООРИЦА остануваат, петтиот слегува.
– Повикајте го тогаш началникот!
– Не можам, началникот е зафатен со еден многу посложен случај – Четворица се возат во „Фиат Уно“…

Проблемот не е во тоа што жената го командува мажот во семејството, туку во фактот што крајно погрешно командува. Драги жени, еве неколку докажано функционални команди за мудар семеен менаџмент:
– Доста миеш чинии!!! Марш на риба!!!
– Не сакаш да јадеш чорба? Тогаш ќе јадеш пржена шницла…
– Што само ја меркаш убавата комшивка, целиот влез веќе ја помина, ќе помислат дека сум се омажила за „обратен“…
– Не сакам крзнено палто и ракавици! Дотерај си ја колата и купи и поубав ауспух да не ме срамиш пред луѓето…
– Сакам да се поправиш!!! Твоето сало ме возбудува, а чкембето ти е поудобно од воден кревет…
– Другите мажи веќе шестата ракија ја пијат, а ти се лигавиш со втората!!!
– Наместо да играш Бељот со пријателите, ти ми седиш во куќи!? За тебе кафани нема ли?
– Дојди веднаш и направи ми еден полн третман, оти многу сум уморна и главата ќе ме прсне.