Доаѓа маж на лекар и му вели:
- Докторе, јас имам проблем, но морате да ми ветите дека нема да се смеете!
- Секако дека нема да се смеам! Јас сум професионалец, за повеќе од 20 години колку што работам, не сум се насмеал на пациент!
- Во ред – вели мажот и ги слекува гаќите.
Докторот ја гледа најмалата „онаа“ работа која воопшто ја видел. И покрај ветувањето, почнува да се смее, од првин тивко, а потоа се погласно, до солзи. По неколку минути успева да се прибере и ги брише солзите.
- Многу ми е жал, се извинува докторот. Не знам што ми стана, но нема да се повтори. Добро, сега кажете ми за што се работи?
Мажот го погледнал докторот и со тажен поглед му рекол:
- Отечен е.
Отишле Мујо и Фата на доктор. Влегол Мујо прв во ординацијата па веднаш решил да му се пожали на докторот:
- Докторе, имам проблем со сексот, и тоа голем!
Докторот погледнал кон него и го прашува:
- А, за каков проблем станува збор?
- Сега ќе ти покажам, му рекол Мујо и ја отворил вратата од ординацијата да ја викне Фата.
Се соблекле и двајцата па удриле една партија cekc на масата на докторот, па на радијаторот, па потпрени на вратата. По ова, легнале на креветот за болни, запалиле по една цигара.
Докторот збунето ги погледнал па им рекол:
- Господине Мујо, јас не гледам тука ама баш никакви сексуални проблеми.
Мујо ја изгаснал цигарата, го погледнал докторот под око и му рекол:
- Како не гледаш бе докторе, па немам стан!