Кралицата Елизабета, Џорџ Буш и Бранко Црвенковски заедно отишле директно во пеколот.
По некое време, Кралицата рекла:
- Ми недостасува Англија. Сакам да се јавам и да видам што прават сите луѓе таму.
Завртила, разговарала 5 минути и го прашала Ѓаволот колку должи.
- Пет милиони фунти, рекол тој, Елизабета напишала чек и му го дала.
По некое време, Буш станал љубоморен и почнал да вреска:
- Сега јас сум на ред! Да завртам во Америка и да ги прашам сите како живеат без мене!
Завртил, муабетел 2 минути, прашал колку потрошил, Ѓаволот му рекол 10 милиони долари, овој напишал чек и се смирил.
Бранко станал уште пољубоморен и државнички извикал:
- И јас сакам! Сакам да видам што прават луѓето во Македонија! Сакам да разговарам со сите! Со мојот кабинет, со Шема, со Медо, со Коста, ма со сите!
Завртил во Македонија, зборел, зборел, зборел… го фатило 2 саата муабет. Конечно спуштил и прашал:
- Колку дужам?
- Десет денари, рекол Ѓаволот.
- Како тоа 10 денари? Ови разговараа самонеколку минути па платија еден тон пари а јас за два саата само 10 денари?
- Знаеш, кога вртиш од еден пекол во друг, тоа ти е локален повик.

Светска политика:
- СОЦИАЛИЗАМ – Ти имаш две крави, едната му ја даваш на комшијата.
- КОМУНИЗАМ – Ти имаш две крави, власта ти ги зема двете и тебе ти дава малку млеко.
- ФАШИЗАМ – Ти имаш две крави, власта ти ги зема двете а тебе ти го продава млекото.
- НАЦИЗАМ – Ти имаш две крави, власта ти ги зема двете и тебе те убива.
- БИРОКРАТИЗАМ – Ти имаш две крави, власта ти ги зема двете, ја убива едната, ја молзи другата и после го фрла млекото.
- КАПИТАЛИЗАМ – Ти имаш две крави, ја продаваш едната и си купуваш еден бик.