Трпе на ново работно место како директор во фирма се решил уште од почеток да им покаже на сите што е тоа директор и дека нема зезање со него.
Се шетал првиот ден низ канцелариите и видел еден дечко како ноншалантно се потпира на ѕидот и гледа во празно.
Си помислил дека е тоа одлична прилика да им покаже на сите дека така не се работи па му пришол на дечкото и го прашал:
- Колку ти е тебе плата?
Овој го погледнал па му рекол:
- 100 евра неделно?
Трпе извадил пари од џебот, избројал 100 евра и му ги пикнал во рака на дечкото:
- Еве ти за неделава не сакам да те видам овде, бадијалџија еден!
Типот ги земал парите, ги наведнал рамениците и си отишол. Останатите вработени го гледале Трпе со ширум отворени очи и уста, а тој полн себе ги прашува:
- Добро, што правело ова мрзливо говедо до сега во фирмава?
Сите се погледнале меѓу себе, а најстариот собрал храброст и му рекол: