Македонски пратеник го удира камион и трагично загинува. Неговата душа пристигнува во рајот кадешто е пречекана од Св. Петар.
- Добредојде во рајот, му вика Св. Петар.
- Пред да се сместиш, изгледа дека имаме проблем. Ние тука имаме процедура кога ни доаѓа некој големец како тебе, така да мора да бидеме многу официјални со вас политичарите, и затоа сега не сме сигурни што да правиме со тебе.
- Нема проблем, само пушти ме внатре, му вика политичаров.
- Па, јас би сакал, но имам наредби од горе. Она што сега ќе го направиме е следново, ќе те пратиме да поминеш еден ден во пеколот и еден ден во рајот, па после тоа можеш да се одлучеш каде сакаш да ја поминеш вечноста.
- Но, навистина. Јас веќе се одлучив сакам да одам во рајот - вели парламентарецот.
- Жал ми е, но ние тука си имаме наши правила.
И после ова Св. Петар го испраќа до лифт и парламентарецот оди доле, доле, доле во пеколот. Се отвараат вратите од лифтот и тој се наоѓа на средина од зелен голф терен. Во далечината се гледа клубот за голф играчите и пред неа се застанати сите негови стари пријатели и други политичари кои работеле за него.
Сите се многу среќни и во нивната најдобра облека. Се затрчуваат на кај него за да се поздрават, и се потсетуваат на старите добри времиња кога се богателе на сметка на другите луѓе.
Играат една пријателска игра во голф, и вечераат во ресторанот, со кавијар и шампањ.
Истотака, присутен тука е и ѓаволот, кој е многу пријателски тип, и се забавува играјќи со нив и кажувајќи шеги цело време. Сите заедно поминуваат толку добро време, што пред да осети, веќе е време да оди.
Сите го испраќаат со жално срце, и му мавтаат додека лифтот се искачува нагоре.
Лифтот оди нагоре, нагоре, нагоре до рајот каде Св. Петар го очекува и му вели:
- Сега е време да се посети рајот.
И така 24 часа поминуваат со парламентарецот кој е во друштво на други добри души, скокајќи од облак на облак, свирејќи на харфа и пеејќи. И овде има супер дружба и пред да свати веќе 24 часа поминале и Св. Петар се враќа и му вели:
- Ете така. Помина по еден ден и во рајот и во пеколот. Сега одбери каде сакаш да ја поминеш вечноста.
Парламентарецот се замислува една минута и вели:
- Па, порано не би ни помислил на ова, мислам, рајот беше супер немојте да ме разберете грешно, но сепак мислам дека пеколот ќе биде подобар за мене.
И така Св. Петар го испраќа до лифтот и тој оди надоле, надоле до пеколот.
Сега вратите се отвараат и тој се наоѓа на сред јалова земја прекриена со измет и ѓубре.
Ги гледа сите свои пријатели, облечени во наметки, како го собираат ѓубрето додека уште ѓубре паѓа одозгора.
Ѓаволот доаѓа над него и ја става раката над неговото рамо.
- Не разбирам! - извикува парламентарецот.
- Вчера бев овде и се беше прекрасно, со голф терен, шампањ, кавијар, играње и си поминавме прекрасно време.
- Сега има само земја, отпад, полна ѓубре и сите мои пријатели изгледаат мизаерно. Што се случи?
Ѓаволот го погледнува, се насмевнува и му вели:
- Вчера пријателе имавме кампања...
- А денес? Ти гласаше!

Перо работи како чувар во Фабрика.
Еден ден во фабриката доаѓа на посета претседателот на Македонија.
Кога поминувале покрај Перо претседателот извикнал:
- Перо, ти ли си бе?
- Јас сум претседателе. - одговорил Перо.
На шефот му станало многу чудно тоа што претседателот го познава Перо, па окако си заминал го повикал Перо во неговата канцеларија.
- Абе Перо од кај се знаеш ти со нашиот претседател? - прашал шефот.
- Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?
- Како тоа бе Перо?
- Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!
- Те знае ли бе Обама сакаш да кажеш?!
- Тиииии бе шефе, Обама ми е еден од подобрите пријатели!
- Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае!
И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Мишел:
- Ohoo Pero, what a wonderful surprize! Come in, Obama is in the backyard!
Шефот вилицата до земја!
Не му се верува што гледа!
Делириум, па вели:
- Перо, нема шанси тебе папата да те знае!
- Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател!
- Со моите од мали нозе се знае!
- Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! - вика шефот.
Одат во Ватикан, Недела ден, Папата од Балконот држи миса, а илјадници верници пред него.
Перо вели:
- Шефе, нема да ме види вака, многу гужва е, ќе одам јас, ме знаат стражарите, ќе ме пуштат да се качам докај него.
Шефов паѓа од смеа, ама ај, му вика, оди.
Се качува Перо на балкон со Папата, се прегрнуваат, Папата мафта на народот, Перо исто до него, двајцата насмеани и мафтаат.
Се симнува Перо доле кај рајата, и го бара шефот, гледа на едно место собрани поголем број луѓе во круг.
Се турка Перо, и гледа легнат шефот на земја, срцев удар доживува:
- Шефе бе! Шефе бе шо ти е?!
- Перооо, не мможам, Перо бе?
- Кажи шефе, кажи!
- Се можев да поднесам, и претседателот и Обама, те гледам и тебе горе, со папата, ама дамла ме удри кога еден кинез ме подбуцна, и ме праша:
- Абе, кој е оној горе до Перо?!