13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет. Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола.
– Првиот цајкан веднаш запишува ‘Јагуар’.
– Вториот се мисли, и се мисли (‘мислам значи постојам’), и пробува да види и да препише од првиот свој колега. И место да прочита ‘Јагуар’, тој прочитал ‘Јануар’, и си напишал целиот среќен ‘Фебруар’.
– Третиот по примерот на вториот, си напишал ‘Март’, четвртиот ‘Април’……..итн се до 12-тиот цајкан, а кој си напишал ‘Декември’.
– 13-тиот мислел, мислел, мислел (‘мислам значи постојам’), нема веќе месеци, и на крај му текнало и си напишал ‘Среќна Нова Година’.
Како функционира државата? (виц со многу вистина во него).
Си седел еден цар на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболка-а-а-а!“
Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи.
Му се пријало на царот од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“
Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Министерот го викнал помошник министерот и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Шефот на стражата викнал еден стражар и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“
Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“
Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“
Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“
Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“
Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“
Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“
Седи царот во престолот и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.
НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!“