Ѕвони телефонот во полицијата се јавува цајканот и слуша:
– На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И ќе исклучи. После некое време пак ѕвони и пак исто:
– На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И пак ќе исклучи. И така 7-8 пати и на цајканот му се здосадило и го чека пак да се јави. И еве го вика пак:
– На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И цајканот му вика:
– Море човек што ако стигнале дрва таму?
– Како што ако? Ти знаеш ли кој живее во таа куќа?
– Е кој живее?
– Море човек, таму живее Перо.
– Е што ако живее Перо?
– Тој е најголем дилер на дрога, и дрогата ја пренесува во дрвата.
И му исклучува и типот ѕвони кај Перо:
– Перо сеа ќе дојдат десетина цајкани да ти ги исечат дрвата. Тоа ќе бидат истите што лани ти го ископаа лозјето кога бараа хашиш!
Почитуван судија!
На ден 26.01.2011 година на автопатот Скопје-Велес забележав кружен црвен знак со бела позадина на кој го имаше запишано бројот 70, но после бројот не видов никаква ознака за мерната единица.
Како што и самите знаете дека во Македонското сообрание на 15 септември 1992 година(НН 123/92) е донесен законот за мерните единици кој гласи: Мерните единици се одредуваат на основа на SI системот. Во тој систем пишува дека мерка за должина е метар, а мерка за време е секунда.
Мерката за брзина е должина / времето. Неможам да си замислам како МВР оди спортивно од Законот на РМ. Значи, ако до знакот не стои мерна единица тоа знаи дека се работи за мерната единица која во РМ меѓународно е прифатена. Така јас, почитуван судија, претпоставив дека се работи од 70m/s, односно нешто повеќе од 250 km/h. А јас возев 180km/h што е далеку од дозволените 70 m/s(252km/h) и Ве молам да ми ја вратите возачката дозвола.