Влегува џандар во бурекџилница и вика дајте ми бурек, продавачката му одговорила немаме бурек!
Џандарот упорен пак дајте ми со месо!
Го гледа продавачката и вика абе ти луд си или луд се правиш ти реков нема бурек!
Џандарот повторно упорен…..е па тогаш дај ми со сирење!
Се изнервирала продавачката и отишла во полициска станица да се жали кај шефот на џандарот велејки така и така дојде тој и ми вика дај ми бурек!
Јас му одговорив дека немаме бурек а потоа тој будала ме прави ми вика тогаш дај со месо!
Јас му кажав абе ти луд си или луд се правиш разбери дека нема бурек а он упорен ми рече е па тогаш дајте ми со сирење! Тогаш јас се изнервирав и решив да појдам до кај вас да ви се пожалам од него поради таквото негово однесување! И тогаш шефот на продавачката и рекол:
Е штом така ти правел си требала да го земеш бурекот па удри му го од глава!!!???

Оди човек во Мадрид, Шпанија, седнува во ресторан и го порачува специјалитетот на куќата. Келнерот му носи чинија со компири и две топки месо. Човекот прашува:
- Што е ова ?
- Кохони, господине.
- Што се кохони?
- Кохони се тестиси од бик што има изгубено во попладневната борба на арената.
Отпрвин му се згадило на човекот, ама откако ги пробал и му се бендисале се изел. Другиот ден човекот повторно отишол во истиот ресторан и повторно порачал кохони. Го донел келнерот јадењето, но со две топки скоро двојно помали од претходните. Човекот револтиран:
- Што е ова?
- Кохони господине.
- Не, не. Јас вчера јадев кохони и тие беа многу поголеми од овие.
- Господине, не губи секој ден бик.