Отишол некој на некоја фарма да бара работа и им рекол:
- Сакам плата 20.000 денари.
Директорот:
- Ама тука сите Имаат околу 8-9.000.
- Јас сум посебен, го разбирам јазикот на животните.
Отишле кај свињите, и директорот прашал што зборат:
- Еве оваа вика дека родила 5 прасиња, а вие и попот сте пријавиле 3 и по едно сте си поделиле со попот. Потоа отишле кај кравите, некоја замукала и директорот прашал:
- Што рече?
- Рече дека дава секој ден по 10 литра млеко, а вие сте пријавувале по пет, другото сте си го делеле со попот. Во тој момент тука поминало едно стадо овци и почнале да блеат, а директорот рекол:
- Добро, добро имаш 20.000 денари плата, не ги слушај овците, тогаш бевме пијани со попот....
Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите.
По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
- Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
- Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден...
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
- Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
- Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.