Си имало една река. На едната страна била мечката што јадела капини, а на другата зајакот.
- Еј, мецо, дојди да видиш нешто што го гледам јас! – вели зајакот.
- Не можам, зајко, јадам!
- Ма, дојди, кога ти велам! Ќе се изненадиш! – вели зајакот.
- Не доаѓам.
Но, зајакот замарал така и мечката сепак решила да отиде до зајакот. Влегла во водата и замалку не се удавила. Кога истоштена дошла кај зајакот, тој рекол:
- Ај, мецо, глеј колку капини има од таа страна на реката!
Било пролет и мравката си работела во нивата. Поминал штурецот со џип и со две згодни риби.
- Мравко, ај со нас ќе одиме на планина да се журкаме.
- Не можам, ќе дојде зимата ќе мора нешто да јадам.
Дошла есен и мравката пак си била во нивата. Пак поминал штурецот со џип и со две други згодни риби.
- Мравко, ај со нас ќе одиме некаде на топло да се бањаме, ќе се зезаме, женски, пиво, журки…
- Не можам, еве работам, еве ја зимата, ќе мора нешто да се јаде.
Дошло зима, мравката си седела во својот топол дом, си грицкала семки и гледала телевизија. Кога на вратата тропнал штурецот во скијачко одело и со две други риби.
- Мравко, ај со нас на скијање.
- А бе не можам… одете вие… ама ако го сретнете оној писателот Лафонтен, кажете му дека ќе му eбem матер.