Некој човек се начукал во кафана и си седел до фајронт.
Кога веќе почнале да ги гасат светлата, пробал тој да стане од столчето, ама само што застанал, се струполил на земја.
Си рекол тој, ај да ползам до пред врата, воздухот може ќе ме освежи, па да можам до дома да си одам.
Отползел до врата, пробал да застане, ама пак се струполил.
Продолжил да се влечка до дома, пробал уште еднаш да стане пред влезната врата, ама пак не успеал.
На крај дошол до креветот и мртов пијан се струполил на него. Сабајле го разбудила жена му и му се раздрала:
- Ти пак си пиел вчера, а?
- Е, од кај ти сега тоа?
- Се, јавија од кафаната, пак си ја заборавил инвалидската количка.
13-годишна тинејџерка му вели на татко си:
- Тато, нешто ме боли грлото!
- Од што?
- Мислам дека е од водката што ја пиев сношти…
- Ти пиеш?!
- Па да, излеговме со дечко ми…
- Имаш и дечко?!
- Е де, де, не ми е од вчера…
- И како изгледа?
- Па… 3-та средно е, има пирс на носот, малку е немирен, ама ќе отиде на разговор со педагогот на гимназијата и ќе се смири!
- Ооооо!
Таткото веќе е блед како крпа.
- Оф, и главата нешто ме боли, сигурно е од дискотеката…
- Си била и во дискотека???
- Па, да! Само тамо дозволуваат да се пуши трева…
- Ти пушиш трева?!!!
Таткото веќе е пред инфаркт…
- И мислам дека ти ја чукнавме колата!
- Твојот дечко ја возел мојата која?!
Таткото веќе се фаќа за срцето и легнува да умира.
Ќерката:
- Се зафркавам бе татичкооо!
- Сакав само да ти кажам, дека има многу пострашни нешта од еден ќец по математика…