Во Њу Јорк од неодамна е отворен дуќан во кој жените можат да изберат и да си купат сопруг. На влезот се изложени следните упатства:
1. Можете да го посетите дуќанов САМО ЕДНАШ;
2. Овој дуќан има 6 ката. Kако што се качувате погоре карактеристиките на мажите се подобруваат;
3. Можете да го изберете кој било маж на катот на кој се наоѓате или да отидете на горниот;
4. Не може да се враќате на долните катови. Една жена одлучила да го посети дуќанот и да си најде партнер.
На вратата од првиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа
Жената се одлучила да оди на горниот кат.
На вратата од вториот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа и сакаат деца
Жената се одлучила да се качи еден кат погоре.
На вратата од третот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни
Wow, помислила жената, но чувствува дека мора да се качи погоре.
На вратата на четвртиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни и помагаат низ дома
-Неверојатно – си мисли жената – тешко можам да одолеам да не влезам… Но сепак, нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат.
На вратата на петтиот кат пишува:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца, неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични.
Жената се решила да влезе, ама во последен миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува сепак да се качи на шестиот кат.
На вратата од шестиот кат пишувало:
Вие сте посетителка број 51 352 177
На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да се покаже колку е невозможно да се задоволи една жена. Ви благодариме што го посетивте нашиот дуќан. Од спротива на овој, постои друг дуќан, со 6 ката, во кој мажите можат да најдат и да си купат сопруга.
На првиот кат се жените што сакаат cekc.
На вториот кат се жените што сакаат cekc и не гњават премногу.
Катовите од третиот до шестиот НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОСЕТЕНИ.
Оди едно дете кај татко си и го прашува што е тоа политика. Татко му вели:
- Па, сине, ќе ти го објаснам тоа симболички, а ти потоа размислувај… Јас сум глава на семејството, значи јас сум "Капиталист", мајка ти ја средува куќата, значи таа е администратор, односно "Влада". Ние се грижиме за тебе и брат ти – значи вие сте "Народот". Гувернантата работи напорно за малку пари, значи таа е "Работничка класа", а твоето помало братче е "Иднината".
Истата ноќ детето го слуша малото братче како плаче, оди кај него и гледа дека треба да му се смени пелената. Потоа оди во собата на родителите да им каже. Таму ја наоѓа само мајка си како спие, па не сака да ја разбуди и затоа решава да оди кај гувернантата. Ѕирка низ клучалката, гледа дека татко му е во кревет со неа и пак си се враќа во кревет.
Утредента му вели на таткото:
- Тато, мислам дека сфатив што е тоа политика.
- Одпично синко. Кажи ми со свои зборови како ја сфаќаш.
- Па, додека Капитализмот ја ебеше Работничката класа, Владата спиеше, Народот беше игнориран, а Иднината беше до грло во гомна.