Умира Фидел Кастро и со чадор доаѓа до пред рајските порти. Таму Свети Петар му вели:
- Седнете, почекајте да видам каде имаме резервирано место за вас.
Гледа Свети Петар во главниот список Фидел го нема, го нема ни во дополнителниот список. Што да прави, луѓе умираат во толпи, рајот преполн со народ, пик сезона е. Му вика на Фидел:
- Ништо не можам да направам пријателе, туку ти спушти се во пеколот да видиш што ќе направиш.
Оди Фидел Кастро во пеколот и таму го чека Луцифер со широко раширени раце за добредојде.
- Здраво живо, одамна те чекаме овде. Ти имаме спремено соба со сите салтанати. Жени, цигари, комар, текила. Туку ајде да седниме да се напиеме по една за добредојде.
Седнале Луцифер и Фидел, јадат, пијат, прават муабет за животот, кога одеднаш Фидел се сетил дека си го заборавил чадорот кај Свети Петар. Луцифер му вика седи ти јас ќе средам. Вика две ѓаволчиња и им вели:
-Тркнете набрзина до рајот да го земите чадорот од командантот Фидел.
Одат ѓаолчињава во рајот, стигнуваат пред рајските порти, арно ама на Свети Петар му завршила смената и рајот бил затворен. Се мотаат ѓаолчињава наваму-натаму не знаат шо да прават. Да се вратат без чадор во пеколот не ја бива. Луцифер ќе се налути ќе ги свари. Мислат, мислат и решиле да ја преминат оградата.
Преминувајќи ја оградата од другата страна ги гледаат два Архангели, задолжени да ја чуваат границата и едниот му вика на другиот:
- Види, види што се дешава! Сѐ на сѐ 20 минути Фидел Кастро е во пеколот, а веќе почнаа да доаѓаат кај нас бегалци.
МАКЕДОНИЈА последни избори:
На избирачко место доаѓа средновечен човек да гласа. Како што е редот дава документ за идентификација зема ливче, гласа, го става во кутија.
Прашува кој е претседател на Комисија на тоа избирачко место. Се јавува еден господин:
- Јас сум претседател !
- Ќе може ли да ми дадете еден стол да седнам до врата.
- Може, вика претседателот и му даваат стол.
Човекот седнува на стол и така поминуваат триесетина минути, членовите на комисијата се погледнуваат во очи и се чудат. Гледајќи ја ситуацијата, претседателот го прашува:
- Како сте, сеуште ли ви е лошо?
- Подобро никогаш и не ми било, многу се радувам за оваа средба.
- За каква средба, не ве разбирам?!
- Па чекам да дојде таткоми да гласа.
- Требало заедно да дојдете , стар човек е сигурно а и тука не е место да се чекате.
- Точно господине во право сте, стар човек беше, ама одамна е починат.
- Мислам се шегувате, како може починал а да гласа?
- Па како можеше на претходните избори да гласа, а јас да не го видам? Денес сигурно ќе гласа во 19 часот.